Мери Младеновска-Ѓорѓиевска (родена на година во Крива Паланка) — македонски правник, адвокат и политичар.

Животопис

Мери Младеновска-Ѓорѓиевска е родена на 30 април 1969 година во Крива Паланка. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1992 година. Правосуден испит положила во 1994 година.

Од 1994 до 2002 година, таа работела како адвокат. Младеновска била и член на Собранието на Адвокатската комора на Македонија. Од 1998 до 2002 година, таа била дисциплински судија во Дисциплинскиот суд при Адвокатската комора, а од 2002 година, таа била член на Управниот одбор на Комората.

Во периодот од 2000 до 2002 година, таа била заменик член на Државната изборна комисија, а во периодот од 2002 до 2004 година, таа била полноправен член.

Од 12 ноември 2002 до 3 јуни 2004 година, таа ја извршувала функцијата заменик министер за правда, додека во периодот од 15 ноември 2004 до 27 август 2006 година ја извршувала функцијата Министер за правда. По завршувањето на мандатот била пратеник во Собранието на Република Македонија во периодот од 2006 до 2008 година.

Надворешни врски Собрание на Република Македонија

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Крива Паланка Категорија:Македонски правници Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2004 Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Министри за правда на Република Македонија Категорија:Пратенички состав 2006-2008 Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје