Административната поделба на Саун Томе и Принсип ја опфаќа првостепената и второстепената административна поделба на државата. Како првостепена административна поделба се јавуваат покраините, додека како второстепени се окрузите.
Покраини
Саун Томе и Принсип се поделени на две покраини:
Саун Томе - најголема покраина и главен град е Саун Томе. Најголем дел од населението на државата живее во оваа покраина. Покраината ги опфаќа островот Саун Томе и околните помали острови. Принсип - најмала покраина и главен град е градот Санто Антонио. Покраината го опфаќа островот Принсип со околните помали островчиња.
Окрузи
Државата е поделена на седум окрузи, од кои шест се во покраината Саун Томе, а една е во Принсип.
Поврзано Саун Томе и Принсип Покраини во Саун Томе и Принсип Окрузи во Саун Томе и Принсип
*