Ешли Сајмон Јанг или (англиски: Ashley Simon Young, роден на 9 јули 1985) — англиски фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред на Евертон.

Роден и израснат во Хертфордшаир, Јанг ја започнал својата кариера во , за кого го направил својот прв сениорски настап во 2003 година под раководството на Реј Луингтон. Тој станал стандарден првотимец во сезоната 2004-2005, и бил еден од клучните играчи на Вотфорд во нивна промоција во сезоната 2005-2006. Јанг продолжил да игра добро за Вотфорд и во Премиер лигата, а во јануари 2007 година тој направил трансфер во за сума од 8.000.000 фунти, што подоцна поради одредени додатоци се издигнал на 9.650.000 фунти. Тој брзо го пронашол своето место во почетната постава на екипата од Вила Парк, и со својте добри перформанси за Вила дури заработил место во англиската репрезентација. На 23 јуни 2011 година, Јанг потпишал за за непознат надоместок. Тој освоил пет трофеи со Јунајтед, вклучувајќи Премиер лигата во сезоната 2012-2013, ФА Купот во сезоната 2015-2016 и Лига Европа во 2016-2017. Во јануари 2020, Јанг потпишал за Интер, со кој ја освоил Серија А, станувајќи само третиот англичанец кој станал шампион на Италија. Во 2021 година, тој се вратил во Астон Вила, а во летото 2023 потпишал за Евертон.

Од 2007 досега Јанг запишал 39 натпревари за репрезентацијата на Гордиот Албион и постигнал 7 гола. Тој ја претставувал својата репрезентација на Европското првенство 2012. Исто така, во мај 2018 тој бил избран од селекторот Гарет Саутгејт меѓу 23-цата фудбалери на Англија кој се нашле на списокот за Светското првенство 2018 во Русија, на кое Англија го освоила четвртото место.

Tехнички карактеристики Јанг играл на неколку различни позиции во текот на својата кариера: иако во поголемиот дел од натпреварите главно настапувал на позицијата крило, тој исто така поминал одреден период играјќи како напаѓач - под водство на менаџерот Ејди Бутројд во Вотфорд и еднаш под водството на Луј ван Гал во Манчестер Јунајтед, како и на позицијата со слободна улога зад напаѓачот во Астон Вила под водство на Мартин О'Нил и во Манчестер Јунајтед под водство на Сер Алекс Фергусон.

За време на неговите подоцнежни години во Јунајтед, Јанг бил прекомандуван во одбраната, на позицијата лев бек, во формација со 3 (како лево бек-крило) или 4 одбранбени играчи. Мартин Лоренс во 2018 година изјавил дека Лук Шоу не може да направи пробив во Манчестер Јунајтед, бидејќи неговата формата е послаба од онаа на Ешли Јанг, кој одлично се прилагодил на уште една нова улога. Во сегашната форма, 32-годишниот играч не треба само да биде отстранет туку да се разгледува за прв избор на оваа позиција во англиската репрезентација".

Ешли Јанг исто така бил замешан во контроверзност, поради тоа што бил обвинет од новинарите за многубројни обиди за глума и прелесно паѓање со цел да се изнуди прекршок врз него по што и неговите менаџери Алекс Фергусон и Дејвид Мојс морале да разговараат со него и да му укажат дека тоа што го прави не е фер кон противниците.

Хронологија на репрезентативните настапи

Клупска статистика Статистика е ажурирана на 19 јануари 2018. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2003-2004 ПД 5 3 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 6 3 2004-2005 ЧЛ 34 0 ФАКуп+ЛК 0+4 0 - - - - - - 38 0 2005-2006 ЧЛ 39+3 13+1Плејоф. ФАКуп+ЛК 0+1 1 - - - - - - 43 15 2006-јан. 2007 ПЛ 20 3 ФАКуп+ЛК 1+2 0+1 - - - - - - 23 4Вкупно Вотфорд 98+3 19+1 9 2 - - - - 110 22 јан.-јун. 2007 ПЛ 13 2 ФАКуп+ЛК - - - - - - - - 13 2 2007-2008 ПЛ 37 8 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - - - 39 8 2008-2009 ПЛ 36 8 ФАКуп+ЛК 3+1 0 Инт+КУ 2+6Еден настап во квалификациите. 1+1Во квалификациите. - - - 48 10 2009-2010 ПЛ 37 5 ФАКуп+ЛК 6+5 2+2 ЛЕ 2Во плејофот. 0 - - - 50 9 2010-2011 ПЛ 34 7 ФАКуп+ЛК 2+3 0+2 ЛЕ 1 0 - - - 40 9Вкупно Астон Вила 157 30 22 6 11 2 - - 190 38 2011-2012 ПЛ 25 6 ФАКуп+ЛК 0 0 ЛШ+ЛЕ 3+4 1+1 КШ 1 0 33 8 2012-2013 ПЛ 19 0 ФАКуп+ЛК 2+0 0 ЛШ 2 0 - - - 23 0 2013-2014 ПЛ 20 2 ФАКуп+ЛК 0+2 1 ЛШ 8 0 КШ 0 0 30 3 2014-2015 ПЛ 26 2 ФАКуп+ЛК 3+0 0 - - - - - - 29 2 2015-2016 ПЛ 18 1 ФАКуп+ЛК 1+2 0 ЛШ+ЛЕ 5Еден настап во плејофот.+0 0 - - - 26 1 2016-2017 ПЛ 12 0 ФАКуп+ЛК 3+1 0 ЛЕ 7 0 КШ 0 0 23 0 2017-2018 ПЛ 30 2 ФАКуп+ЛК 4+0 0 ЛШ 4 0 СУ 0 0 38 2 2018-2019 ПЛ 30 2 ФАКуп+ЛК 3+1 0 ЛШ 7 0 - - - 41 2 2019-јан. 2020 ПЛ 12 0 ФАКуп+ЛК 1+2 0 ЛЕ 3 1 - - - 18 1Вкупно Манчестер Јунајтед 192 15 25 1 43 3 1 0 261 19Вкупно во кариерата 408 63 45 9 42 4 1 0 496 76

Титули Клупски Манчестер Јунајтед Премиер лига : 1 2012-2013 ФА Куп : 1 2015–2016 Лига куп на Англија : 1 2016–2017 ФА Комјунити Шилд : 1 2011 УЕФА Лига Европа : 1 2016–2017

Репрезентативни Англија Светско првенство четврто место: 2018

Наводи

Надворешни врски

Ешли Јанг на soccerway Ешли Јанг на transfermarkt Ешли Јанг на espn Ешли Јанг на tuttocalciatori Ешли Јанг на whoscored

Категорија:Фудбалери на ФК Вотфорд Категорија:Фудбалери на ФК Астон Вила Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на ФК Ипсвич Таун Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Родени во 1985 година