Апостол Стахиј (грчки: Στάχυς)(† 54) бил епископ на Византион од 34 до 54 година. Неговиот ден се чествува на 4 јануари, заедно со чествувањето на Седумдесетте апостоли, како и на 31 октомври.
Свети Стахиј бил помошник на св. Андреј Првоповикан. Св. Андреј го поставил за епископ во Византија. Ја создал Црквата во Аргиропол и управувал со својата паства верно и ревносно. По 16 години епископствување, мирно се упокоил.
Починал во Цариград.
Наводи
Категорија:Римјани од 1 век Категорија:Седумдесет апостоли Категорија:Светци од Анадолија Категорија:Православни светци Категорија:Епископи од 1 век Категорија:Историја на Новиот завет Категорија:Христијански светци од 1 век Категорија:Византиски епископи Категорија:Починати во Истанбул