Венусберг () — село и поранешна општина во округот Рудни Планини, во Саксонија, Германија. Од 1 јануари 2010 година е дел од општината Дребах.

Историја

Во 1945 имало концентрационен камп во Венусберг. 1.000 Евреи биле приморани на работа за фабриката за авиони Јункерс, наречена „Venuswerke“.

Категорија:Села во Саксонија Категорија:Поранешни општини во Саксонија Категорија:Рудни Планини (округ)