Јован Кушчник или Јован Колибар — христијански монах и светец.

Роден e во за време на царот Лав V, од богати и познати родители. Бил единец на своите родители. Повлечен со склоност кон духовен живот, младиот Јован одбегнал тајно со еден монах во некој манастир во Мала Азија. Во тој манастир престојувал 6 години во преголемо воздржување, молитва и послушност кон игуменот. Тогаш, според христијанските верувања, го нападнал ѓаволот со искушение, така што требало да го остави манастирот и да се врати кај своите родители да живее кај нив како благородник. Тој навистина се вратил во домот на своите родители, облечен како просјак, ги видел своите родители, но не сакал да им се јави како нивни син, туку како просјак се населил во нивниот двор, живеејќи само од трошките што слугите му ги фрлале и поднесувајќи многу понижувања од секого.

По три години, кога се разболел и го почувствувал приближувањето на смртта, тој им се јавил на своите родители, кои го познале по едно скапоцено евангелие што тие во детството му го подариле и коe тој го чувал кај себе како целокупен свој имот. Починал во 450 година„Охридски пролог“ стр. 19.

Православната црква нејзиниот ден го чествува на 15 јануари по стар или 28 јануари по нов стил.

Наводи

Надворешни врски Житие на Јован Колибар — Денови Житието на Јован Колибарот — видео на Бигорскиот манастир

Категорија:Христијански светци од 5 век Категорија:Починати во 450 година Категорија:Преподобни