Максим Исповедник (581—662) е христијански светец.
Максим Исповедник е роден во и бил висок дворјанин во дворот на Ираклиј I, а потоа монах и игумен на еден манастир недалеку од престолнината. Најголем бранител на православието од таканаречената монотелитска ерес, која произлегла од Евтихиевата ерес. Имено, како што тврдел Евтихиј дека во христијанскиот бог Исус има една природа, така монотелитите тврделе дека во Исус има една волја. Максим се спротивставил на тоа тврдење и станал противник на царот и на патријархот тврдејќи дека Исус има човечка и божествена природа. По негов онастојување со одржале: еден собор во Картагина, а друг во Рим и двата собори го анатемисуваат учењето на монотелитите„Охридски пролог“ стр. 28.
Православната црква неговиот ден го чествува на 21 јануари.
Наводи
Категорија:Византијци од 7 век Категорија:Христијански светци од 7 век Категорија:Римокатолички светци од Анадолија Категорија:Византиски светци Категорија:Англикански светци Категорија:Христијански теолози Категорија:Православни светци Категорија:Источнокатолички светци Категорија:Светци од Анадолија Категорија:Христијански мистици Категорија:Луѓе обвинети за кривоверство Категорија:Патристика Категорија:Преподобни Категорија:Црковни отци Категорија:Добротољубие Категорија:Византиски теолози Категорија:Родени во 580 година Категорија:Починати во 662 година