Ефрем Сирин е христијански светец.
Роден e во Сирија од бедни родители во времето на царот Константин Велики. Бил ученик на Свети Јаков Нисибиски. Ефрем непрестајно или пишувал книги, или усно ги поучувал монасите во манастирот и народот во градот Едеса, или пак самиот се предавал на молитва и размислување. Има напишано голем број на книги. Најпозната му e “Господи и Владико на мојот живот”. Кога сакале со сила да го земат за епископ, тој се направил безумен и почнал да трча низ градот Едеса влечејќи ја по себе својата облека. Кога го виделе тоа луѓето, се откажале од намерата. Бил современик и пријател на Свети Василиј Велики. Починал во 373 година„Охридски пролог“ стр. 38.
Православната црква неговиот ден го чествува на 28 јануари.
Наводи
Категорија:Христијански светци од 4 век Категорија:Христијански мистици Категорија:Сириски светци Категорија:Римокатолички светци од Сирија Категорија:Православни светци Категорија:Источнокатолички светци Категорија:Црковни отци Категорија:Христијански теолози Категорија:Антигностицизам Категорија:Римјани од 4 век Категорија:Англикански светци Категорија:Преподобни Категорија:Црковни учители Категорија:Ѓакони Категорија:Родени во 306 година Категорија:Починати во 373 година