За селото во Општина Чашка, погл. Раковец (Велешко).
Раковец — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 18 километри јужно од Тетово.
Историја
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Раковец живееле 220 жители, сите Албанци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
По Балканските војни е забележано со 461 жители.
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Раковец — село во Брвеничка општина (со центар во Жеровјане) во Долнополошкиот срез и има 73 куќи со 369 жители, Албанци.Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 22.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 811 жители, од кои 807 Албанци и 4 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 577 жители, од кои 548 Албанци и 29 лица без податоци.
Родови Раковец е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:
Рекалар или Врбјан (31 к.) доселени се од селото Врбен во Горна Река. Од таму се иселиле тројца браќа. Имаат иселеници во Жеровјане. Деде (11 к.) доселени се од некое село во Горна Река. Видушалар (42 к.) доселени се од некое село во Долна Река. Можеби од селото Видуше? мешајќи се со албанците се албанизирале. Брачни врски најчесто склопувале со селаните од Урвич и Јеловјане.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2079 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 795 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Боговиње