Споменик на Јане Сандански ― статуа која го прикажува македонскиот револуционер Јане Сандански, и која се наоѓа во истоимена населба во скопската Општина Аеродром, Скопје. Споменикот, висок пет метри, е поставен во средишниот дел од истоимениот парк. Идејното решение било на авторот Гоце Давидов. Споменикот бил поставен како дел од т.н. проект Скопје 2014.
Историја Делото било на иницијатива на Министерството за култура, иницијатива која била усвоена од советниците на општината во 2009 година. Споменикот бил излеан во бронза, во српската леарница „Јеремиќ“. Ова спомен-обележје чинело вкупно 250.000 евра.
Две години од неговото поставување во 2011 година, медиумите јавувале дека е оштетен, односно дека заради студеното време отпаѓаат плочките од постаментот, по што општината најави дека ќе распише тендер за избор за претпријатие за одржување на спомениците.
Галерија
Наводи
Категорија:Споменици во Скопје Категорија:Јане Сандански (населба) Категорија:Споменици посветени на Јане Сандански Категорија:Македонски дела од 2011 година