Кибермалтретирање () — општествена појава на употребата на семрежјето и сродните технологии за да им наштетат на другите луѓе, на еден смислен и непријателски начин. Тоа станува се почесто во општеството, особено меѓу младите луѓе, а секојдневно се појавуваат сè повеќе кампањи за борба против тоа.

Определба

Поимот "cyberbullying" e создаден и определен од страна на канадски едукатор и активист за анти-заплашување Bill Belsey, како "употребата на информатичките и комуникациските технологии за поддршка на намерното и непријателско однесување од страна на поединец или група, која е наменета да им наштети на другите ".http://www.cyberbullying.org/ includes the first formal definition of cyberbullying by Bill Belsey. Посетено на July 6, 2011.

Кибермалтретирањето последователно е дефинирано како: "кога семрежјето, мобилните телефони или други уреди се користат за испраќање на текст или слики, сè со цел да се повреди или посрамоти друго лице".http://www.ncpc.org/cyberbullying Ncpc.org. Посетено на July 6, 2011. Други истражувачи користат сличен јазик за опишување на феноменот.

Кибермалтретирањето може да биде толку едноставно како што е праќање e-mail на некој што веќе рекол дека не сака да контактира со испраќачот, кое исто така може да вклучува и закани, сексуална забелешки, погрдни етикети (т.е. говор на омраза), да ги жртвите прави предмет на исмевање во форуми и објавување на лажни изјави како факти насочени кон понижување.

Луѓето кои се занимаваат со кибермалтретирањето (Cyberbullies) можат да ги откријат личните податоци на жртвите (на пример, вистинско име, адреса, или на работното место / училиште) на мрежни места или форуми или може да издаваат материјали со кои ќе ги оцрнуваат нивните имиња или подложуваат на исмејување. Некои сајбер-насилници, исто така, може да испратат заканувачки пораки на жртвите, додека други постираат гласини или озборувања и ги поттикнуваат другите да не им се допаѓаат.

Анкетата за Младинска семрежна сигурност, спроведена од страна на Центарот за истражување против криминал над деца на Универзитетот во Њу Хемпшир во 2005 година, покажа дека 9% од младите луѓе во текот на истражувањето биле вознемирени. Истражувањето било претставителна телефонска анкета извршена на 1.500 деца на возраст од 10-17 години. Една третина кои се чувствуваат вознемирени од инцидентот, се со поголема веројатност помладите испитаници и оние кои биле жртви на агресивно малтретирање. Во споредба со младите кои не се заплашувани онлајн, жртвите кои се малтретирани се со поголема веројатност дека имаат социјални проблеми. Од друга страна, оние кои ги малтретираат другите се со поголема веројатност дека имаат проблеми со прекршување на закони и агресија. Младите кои се заплашувани се со значително поголема веројатност дека и тие самите ќе ги заплашуваат другите.

Децата почнуваат да контактираат едни со други онлајн уште на возраст од 2 одделение. Според истражувањето, момчињата иницираат онлајн активност порано од девојчињата. Сепак, од средно училиште, девојчињата сè повеќе се вклучуваат во кибермалтретирањето од момчињата. Без разлика дали заплашувачите се машки или женски,нивната цел е намерно да се посрамотат другите, вознемират, заплашат, или да си направат онлајн закани меѓусебно. Ова малтретирање се случува преку е-пошта, текст пораки,пораки на блогови и мрежни места. Иако употребата на сексуални забелешки и закани понекогаш се присутни во кибермалтретирањето, тоа не е исто како и сексуалното вознемирување и не вклучува сексуални грабливци.

Кибермалтретирање наспроти кибердемнење

Практиката на кибермалтретирањето (cyberbullying) не е ограничена само кај децата, туку однесувањата се идентификувани и од страна на возрасните. Разликата во возрасните групи понекогаш е нарекувана кибердемнење (cyberstalking) или кибервознемирување (cyberharassment), кога заплашувањата извршени од страна на возрасни кон возрасни, понекогаш се насочени врз основа на полот. Заеднички тактики кои се користат од страна на кибердемначите е да рушат културни вредности или енциклопедиии, да се закануваат приходите на жртвата, вработувањето, репутацијата или безбедноста. Повторувачките шеми на овие акции од страна на возрасните го сочинуваат кибердемнење.

Истражување

Во летото 2008 година, истражувачите Sameer Hinduja ( универзитетот Атлантик Флорида) и Justin Patchin (Универзитетот во Висконсин ) ја објавија книгата на кибермалтретирањето каде е сумирана моменталната состојба од истражувањето за кибермалтретирањето.Hinduja, S.; Patchin, J. W. (2009). Bullying beyond the schoolyard: Preventing and responding to cyberbullying. Thousand Oaks, CA: Corwin Press. http://en.wikipedia.org/wiki/International_Standard_Book_Number Документите од нивното истражување покажуваат дека кибермалтретирањето се зголемува во текот на последните неколку години. Тие, исто така го пријавиле и профилот од наодите од најновата студија на сајбермалтретирањето меѓу средните училишта. Од случаен примерок, од приближно 2000 ученици од голема училишна област во јужниот дел на САД, околу 10% од испитаниците биле сајбер заплашувани во претходните 30 дена додека над 17% пријавиле дека биле сајбер заплашувани најмалку еднаш во животот. Додека овие стапки се малку пониски од некои од наодите од нивните претходни истражувања, Hinduja и Patchin укажуваат дека поранешните студии биле претежно спроведени меѓу постарите адолесценти и семрежни корисници. Тоа е така од причина што повозрасните повеќе го користат семрежјето од децата и затоа кај нив е поголема веројатноста да се доживее сајбер заплашување.

Истражување и статистика

Националниот совет за превенција на криминал изјвува дека кибермалтретирањето е проблем што влијае на речиси половина од сите американски тинејџери.Hinduja, S. & Patchin, J. W. (2007) http://www.tandfonline.com/doi/abs/10.1300/J202v06n03_06 Journal of School Violence, 6(3), 89–112 Во 2007 година, Debbie Heimowitz, студент на Стенфорд Универзитетот, создаде филм заснован на Стенфорд акредитирано истражување. Таа работеше во групи, десет недели во три училишта за да се запознае со проблемот на кибермалтретирањето во Северна Калифорнија. Наодите утврдиле дека над 60% од учениците биле сајбер заплашувани и биле жртви на кибер-малтретирањето. Филмот сега се користи во училниците на национално ниво, дизајниран околу целите на учење, кои се во врска со проблемите околу разбирањето на темата. Средното училиште на Megan Meier наводно го користи филмот како решение за кризата во нивниот град. Во септември 2006 година, ABC вестите известуваат за истражувањето подготвено од страна на I-Safe.Org.http://isafe.org/ Isafe.org. Посетено на July 6, 2011. Оваа 2004 анкета на 1.500 студенти помеѓу 4 и 8 степен изјавиле:

42% од децата се заплашувани онајалн. На секое четврто дете тоа му се случило повеќе од еднаш. 35% од децата изјавуваат дека им се заканувале на семрежјето. На секое петто дете му се случило повеќе од еднаш. 21% од децата добиле заканувачки меил или други пораки. 58% од децата се признаваат дека некој рекол навредливи работи за нив на семрежјето. Повеќе од четири од десет деца велат дека тоа се случило повеќе од еднаш. 58% не им кажуваат на своите родители или на повозрасните дека со нешто ги навредиле на семрежјето.

Според 2006 анкета од страна на Harris Interactive:http://www.allbusiness.com/technology/software-services-applications-internet-social/11579506-1.html All Business, Cynthia G. Wagner, Sept 1, 2008 43% од американските тинејџери доживеале некаков вид на сајбер заплашување во изминатата година. Слично на тоа, една канадска студија покажала: 23% од анкетираните биле заплашувани од страна на e-mail 35% во виртуелни простории за разговор 41% од текстуални пораки на нивните мобилни телефони Целосно 41% не го знаат идентитетот на сторителите.

Анкетата за Младинската семрежна сигурност, спроведена од страна на Центарот за истражување против криминал над деца на Универзитетот во Њу Хемпшир во 2005 година, покажа дека 9% од младите луѓе во текот на истражувањето биле вознемирени. Истражувањето било претставителна телефонска анкета извршена на 1.500 деца на возраст од 10-17 години. Една третина кое се чувствуваат вознемирени од инцидентот, се со поголема веројатност помладите испитаници и оние кои беа жртви на агресивно малтретирање. Во споредба со младите кои не се заплашувани онлајн, жртвите кои се малтретирани се со поголема веројатност дека имаат социјални проблеми. Од друга страна, оние кои ги малтретираат другите се со поголема веројатност дека имаат проблеми со прекршување на закони и агресија. Hinduja и Patchin направиле студија во текот на летото 2005 година и од околу 1.500 семрежни корисници адолесценти, повеќе од една третина од младите биле пријавени како жртви на сајбер аплашување, а над 16% од испитаниците вклучени во сајбер-заплашување над другите. Додека во повеќето од случаите на сајбер-заплашувањето (41% биле непочитувани, 19% биле повикани со некакви имиња), над 12% биле изложени на физички закани и околу 5% биле исплашени за нивната безбедност.

Дополнителни истражувања од Hinduja и Patchin покажале дека младите кои изјавиле дека се жртви на кибер-малтретирањето, исто така, имале искуство со стрес или замор што е поврзано со проблем во нивното однесување како што е бегање од дома, мамење на тест на училиште, бегање од училиште, или со користење на алкохол или марихуана. Авторите признаваат дека и двете од овие студии се објавуваат само прелиминарни информации за природата и последиците на онлајн малтретирањето, а тоа се должи на методолошките предизвици поврзани со онлајн анкета.

Според анкетата 2005 извршена од страна на Насловна добротворна детска организација од 770 млади на возраст меѓу 11 и 19 години, 20% од испитаниците откриле дека биле малтретирани електронски . Речиси три четвртини (73%) изјавиле дека го знаат лицето од кое се малтретирани, додека 26% изјавиле дека сторителот е непознат. 10% од испитаниците реагирале и посочиле дека друго лице има преземено слика и / или видео од него преку камера од мобилен телефон, следствено што ги прави да се чувствуваат непријатно, посрамено или загрозено. Многу млади луѓе не кажуваат на соодветните органи за нивното сајбер заплашување и виктимизација поради стравот дека ќе им биде одземен нивниот пристап кон технологијата; додека 24% и 14% им кажуваат на родителите или наставниците, односно 28% не кажале никому, додека 41% кажале на пријател.National Children's Home. (2005) http://www.nch.org.uk/uploads/documents/Mobile_bullying_%20report.pdf

Во едно истражување на Центарот против криминал на децата на Универзитетот во Њу Хемпшир во 2000 година покажало дека 6% од младите луѓе во истражувањето имале некој вид на вознемирување, вклучувајќи закани и негативни гласини и 2% претрпеле вознемирувачко малтретирање. Известувањето на резултатите од мета анализа од земјите на Европската Унија, Hasebrink et al. (2009) проценува дека околу 18% од младите луѓе во Европа луѓе "заплашувани / малтретирани " преку семрежјето и мобилни телефони. Стапката на кибермалтретирањето кај младите луѓе низ земјите членки на ЕУ се движи од 10% до 52%. На национално ниво, Австралиска анкета за зачестеноста на тајното заплашување го оценува кибермалтретирањето меѓу 7418 ученици. Стапките на кибермалтретирањето се зголемува со возраста, со 4,9% од учениците во 4 година со 7,9% во 9 година. Стапките на заплашување и малтретирање биле пониски, но истите се зголемуваат со возраста.by Thomas Claburn, Information week; June 27, 2007 http://www.informationweek.com/news/200001167?cid=tab_art_sec

Споредба со традиционалното заплашување