Споменикот на Ѓорче Петров се наоѓа во истоимена населба во скопската општина Ѓорче Петров, Скопје. Споменикот е висок 6,5 метри и поставен на постамент висок 3,5 метри. Постаментот е украсен со релјеф на кој е прикажан животот на револуционерот.

Тој се наоѓа на кружниот тек во истоимената скопска општина. Излеан е во бронза, во српската леарница „Јеремиќ“. Идејното решение е на авторот Дамјан Ѓуров.

За споменикот се потрошени над 350 000 евра – најголем дел се дадени за леење 270 000 евра и овие пари се обезбедени од централниот буџет, за постаментот се потрошени 73 000 евра и во него инвестирале општината Ѓорче Петров и градот Скопје Извори

Категорија:Споменици во Скопје Категорија:Македонски дела од 2011 година