Токиското небесно дрво или Токио Скајчри (東京スカイツリー, јапонски изговор Токјо Сукајцури, стилизирано на латиница TOKYO SKYTREE) ― радиодифузна и набљудувачка кула во Сумида, Токио. Таа е највисоката структура во Јапонија од 2010 г.,Tokyo Sky Tree beats Tokyo Tower, now tallest building in Japan , The Mainichi Daily News, 29 March 2010 а нејзината максимална висина (630 м) ја достигнала во март 2011 г., правејќи ја највисоката кула во светот, заземајќи го првото место од Кантонската кула, и е втората највисока градба во светот по Бурџ Халифа (829.8 м).
Кулата е примарна телевизиска и радиодифузна страница за Канто регионот; постарата Токио кула повеќе не дава целосна дигитална копнена телевизиска радиодифузна покриеност затоа што е опкружена со високи згради. Скајтри била завршена на престапниот ден, 29 февруари 2012 година, а за јавноста кулата била отворена на 22 мај 2012 година. Кулата е центар за голем комерцијален развој финансиран од Тобу железниците (кои се сопственици на комплексот) и шесте околни копнени радиодифузери предводени од NHK. Возовите застануваат на ближната Токио Скајтри станица и следната Ошиаге станица. Комплексот е 7 км североисточно од Токио станицата.
Дизајн Дизајнот на кулата бил објавен на 24 ноември 2006 година заснован на следните три концепти:
Спој на неофутуристичкиTokyo Sky Tree: the world’s tallest broadcasting tower. megalopolisnow (8 August 2012). Retrieved on 23 June 2014.Japan | ArchDaily – Part 33. ArchDaily. Retrieved on 23 June 2014. дизајн и традиционална убавина на Јапонија Катализатор за ревитализација на градот Придонес за спречување на катастрофи - „Сигурност и безбедност“
Токио Скајтри наликува на 5 катна пагода (традиционална куќа) од историјата на Јапонија. Основата на кулата има структура слична на статив; на висина од околу 350 м па нагоре, структурата на кулата е цилиндрична за да нуди панорамски поглед на реката и градот. Постојат набљудувачници на 350 м, со капацитет до 2,000 луѓе и на 450 м, со капацитет од 900 луѓе. Горната опсерваторија се одликува со спирален, застаклен „небесен пат“, по кој посетителите можат да се искачат до последните 5 метри до највисоката точка на горната платформа. Еден дел од стаклениот под им нуди на посетителите директен поглед на улиците под нив.Kyodo News, "Skytree reaches for hearts and minds", Japan Times, 25 May 2012, p. 3
Име и висина Од октомври до ноември 2007 година, биле собирани предлози од пошироката јавност околу името на кулата. На 19 март 2008 година, комитетот избрал шест конечни имиња:
Токисно небесно дрво (Tokyo Skytree, 東京スカイツリー, Токјо Сукајцури); Токиска Едо кула (Tokyo Edo Tower, 東京EDOタワー, Токјо Едо Тауа); Издигнувачка кула (Rising Tower, ライジングタワー, Рајџингу Тауа); Кула на иднината (Tower of the Future, みらいタワー, Мирај Тауа); Набљудување од соништата (Dream lookout, ゆめみやぐら, Јумеми Јагура); Издигнувачка источна кула (Rising East Tower, ライジングイーストタワー, Рајџингу Исуто Тауа).
Службеното име било решено по гласањето на национално ниво и било објавено на 10 јуни 2008 година како „Токио Скајчри“. Името добило околу 33,000 гласови (30%) од 110,000 гласачи, а второто најпопуларно име било „Токиска Едо кула“.Name of New Tower Decided
Висината од 634 м е избрана за лесно да се запомни. Бројките 6 („му“), 3 („са“), 4 („ши“) заедно значат „Мусаши“, старото име на регионот во кој се наоѓа Токио Скајтри.Kyodo News, "Tower's developers considered several figures before finally settling on 634", Japan Times, 23 May 2012, p. 2
Отпорност од земјотреси
Кулата има сеизмичка заштита, вклучувајќи го и централното вратило направено од армиран бетон. Главниот внатрешен столб е прикачен на надворешната конструкција на кулата за првите 125 м над земјата. Оттаму, до 375 м, столбот е прицврстен за рамката на кулата со хидраулични амортизери (на индустриско масло), кои дејствуваат како ублажувачи за време на земјотрес. Дополнителна еластичност е постигната преку „механизам за контрола со додадена маса“ (или амортизер за нагодена маса) - којшто систем за амортизација, во случај на земјотрес, се движи во чекор со структурата на зградата, за да го задржи центарот на гравитација што е можно посредишно до основата на кулата. Според дизајнерите, амортизерите можат да апсорбираат дури 50% од енергијата на земјотресот.Nakata, Hiroko, "Tokyo Sky Tree opener looms large ", Japan Times, 21 February 2012, p. 3.Bull, Brett, "The sky's the limit", Japan Times, 20 May 2012, p. 7
Боја и осветлување Надворешната решетка е обоена во бела боја која е официјално наречена „Скајтри Бела“. Ова е оригинална боја врз основа на синобелата традиционална јапонска боја наречена ајџиро (藍白).
Дизајнот на осветлување бил објавен на 16 октомври 2009 година. Две низи за осветлување, „Ики“ (шик, стилски) небесно сина и „Мијаби“ (елегантна, префинета) виолетова, се користат наизменично секој ден. Кулата е осветлена со LED светла.
Отворање Како што се приближувало отворањето на Skytree, луѓето чекале ред по една недела за да добијат билети. Од отворањето, посетите во кулата биле целосно резервирани за првите два месеци од работењето. Денот на отворањето привлекло толпа од десетици илјади луѓе, и покрај дождливите услови што го блокирале погледот од набљудувачката палуба на кулата. Силниот ветер го принудил персоналот да затворат два лифта, оставајќи накратко некои посетители заглавени на набљудувачката палуба. Според Тобу, 1,6 милиони луѓе го посетиле Скајтри во првата недела. Мештаните известиле дека приливот на посетители го нарушил мирот на нивната заедница и, досега, донела мала економска корист за локалното подрачје.Aoki, Mizuho, "Skytree a mixed blessing for locals ", Japan Times, 22 June 2012, p. 3 1000п|мини|центар|Панорамски поглед на Токио од Токио Скајтри.
Употреба во радиодифузија мини|300п|Споредба на Скајтри (прв) со други познати кули. Токио Скајтри се користи како радиодифузна/телевизиско емитувачка и комуникациска кула. Телевизиски емитувачи Канал Име на канал Кратенка Моќ на сигнал ЕМР Зона на емитување 1 NHK General TV JOAK-DTV 10 kW 68 kW Канто регион 2 NHK Educational TV JOAB-DTV 4 Nippon Television JOAX-DTV 5 TV Asahi JOEX-DTV 6 TBS Television JORX-DTV 7 TV Tokyo JOTX-DTV 8 Fuji Television JOCX-DTV 9 Tokyo MX JOMX-DTV 3 kW 11.5 kW Токио
Радио емитувачи Френкфенција Име Кратенка Моќ ЕМР Зона на емитување 81.3 MHz J-Wave Токио JOAV-FM 7 kW 57 kW Токио 82.5 MHz NHK FM Broadcast Токио JOAK-FM 90.5 MHz TBS Radio Сумида Јужен Канто регион 91.6 MHz Nippon Cultural Broadcasting Сумида 93.0 MHz Nippon Broadcasting System Сумида
Временска рамка мини|300п|Пресекот на основата на кулата формира рамностран триаголник на земјата, и постепено се заоблува, станувајќи кружен на 320 м надморска височина. 2008 година 14 јули 2008 година: Се одржала церемонија за да се одбележи почетокот на изградбата."Tokyo Sky Tree construction starts". The Japan Times (15 July 2008). Retrieved 15 July 2008.
2009 година 6 април 2009 година: Основите за трите главни ногарки биле завршени. 7 август 2009 година: Кулата достигнала висина од 100 м. 16 октомври 2009 година: Предвидената висина била зголемена од 610 м на 634 м, правејќи ја највисока самостојна челична кула. 10 ноември 2009 година: Кулата достигнала висина од 200 м.
2010 г. 16 февруари 2010 година: Кулата достигнала висина од 300 м. 29 март 2010 година: Кулата достигнала висина од 338 м, станувајќи највисоката структура во Јапонија. 24 април 2010 година: Во тематскиот парк во Светскиот плоштад Тобу во Никкоо, Точиги бил претставен модел на Токио Скајтри со размер од 1:25. 30 јули 2010 година: Кулата надминала 400 метри, достигнувајќи висина од 408 м.Tokyo Skytree, already tallest building in Japan, tops 400 meters, Kyodo News, 30 July 2010 11 септември 2010 година: Кулата достигнала 461 м, со што стана највисоката градба некогаш изградена во Јапонија, надминувајќи ја демонтираната Тсушима Омега кула од 455 м. 23 октомври 2010 година: Кулата достигнала висина од 497 м, и склопувањето на главниот дел од кулата бил завршен. 20 ноември 2010 година: Два амортизери за нагодена маса со вкупна тежина од 100 тони биле привремено поставени на врвот од кулата на 497 м. 1 декември 2010 година: Кулата престигнала 500 м, достигнувајќи висина од 511 м, победувајќи го Тајпеј 101 (509 м). Громоспроводник и двата амортизери со нагодувачка маса биле прицврстени на основата на кулата, која постепено се подигнала во рамките на централното вратило. 16 декември 2010 година: Министерството за внатрешни работи и комуникации им одобрило на NHK и пет клучни ТВ станици на Токио да ги инсталираат своите радиодифузни капацитети на кулата. 18 декември 2010: Предавателската антена за дигитална копнена телевизија почнала да се инсталира.
2011 година 1 март 2011 година: Кулата ја преминала висината од 600 м, достигнувајќи висина од 604 м, надминувајќи ја Кантонската кула (596 м), станувајќи највисоката кула на светот. 12 март 2011 година: Кулата ја достигнала висината од 625 м. И бил направен целосен преглед, барајќи можна штета од Земјотресот во Тоохоку во 2011 г. и неговите последователни потреси. 18 март 2011 година: Кулата ја достигнала својата крајна висина од 634 м во 1:34 часот попладне по ЈСВ. 23 мај 2011 година: Демонтирањето на четирите кранови продолжува до средината на јули.Yomiuri-online movie: Dismantling cranes on 23 May 2011 (Japanese) 7 јуни 2011 година: Објавен датум за јавно отворање на „Токио Скајтри Градот“ и цена на влезница (возрасни: 2000 јени [1,000 мкд] до 350 м висина; со дополнителни 1.000 јени [1,500 мкд вкупно] до 450 м висина) до палубите за набљудување. 17 ноември 2011 година: Гинисовите рекорди го потврдиле Токио Скајтри како највисока самостојна кула.
2012 година 16 февруари 2012 година: Покривите на магацините близу до кулата биле оштетени од паѓањата на снегот и мразот од кулата врз нив.Company warehouses damaged by ice falling from Tokyo Sky Tree 17 February 2012 Japan Today Retrieved 5 October 2015Koh, Yoree Look Up at Your Peril: Tokyo Skytree’s Falling Ice 15 January 2013 Wall Street Journal Retrieved 5 October 2015 29 февруари 2012 година: Изградбата на кулата завршила. Завршувањето било одложено за два месеци од првичниот распоред поради недостигот на залихи од понатамошните настани од јапонскиот земјотрес и цунами во 2011 г.Japan finishes Tokyo Sky Tree , YAHOO!7 NEWS, AFP 29 February 2012, 4:07 pm 2 март 2012 година: Се одржала церемонија за прославување на завршувањето, осветена од каннуши свештеник и во присуство на 70 лица од Тобу железниците, градежничките, радиодифузните и другите компании.Tokyo Sky Tree completion ceremony, 2 March 2012, Kyodo News 6 март 2012 година: Прво осветлување за време на Токио Хотару фестивалот. 26 април 2012 година: Императорот Акихито и Царицата Мичико од Јапонија присуствувале на Токио Скајтри Тембо Галеријата. 22 мај 2012 година: Јавно отворање. 1 октомври 2012 година: Канал 9 Токио МХ започнале пренос од Токио Скајтри со континуиран пренос од Токио кулата на симулкаст начин.
2013 година 16 јануари 2013 година: Снегот што паѓал од кулата пробушил дупка во покривот на куќа во близината. Немало пријавено повредени.Snow from world's tallest tower pierces Tokyo roof 16 January 2013 Terra Daily Retrieved 5 October 2015 13 мај 2013 година: Токио МХ го продолжиле преносот од Токио Скајтри и го запреле преносот од Токио кулата со постепено намалување на напојувањето од 12 ноември 2012 година. 31 мај 2013 година: Од 9:00 часот наутро, формалното емитувањето на каналите 1 до 8, освен 3-от, започнува од Токио Скајтри по бројните тестови за пренос за исклучување од Токио кулата од 22 декември 2012 година.
Галерија
Поврзано
Список на највисоките градби и структури во Јапонија Список на највисоки самостојни структури Список на највисоки кули Станица во Токио Скајтри Кула од решетки
Користена литература Наводи
Извори Напис на Skyscrapernews за Новата кула во Токио Профил на Форио Профил на проектот од Емпорис
Надворешни врски