Иван (Јованче) Кафеџијата или Јон Кафеџијата, — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Животопис Иван Кафеџијата е роден во леринското село Раково, тогаш во Османлиското Царство. Влегол во ВМОРО како терорист заедно со Јордан Гавазов, Стојан Лазов и Никола Мрсев, а потоа со Кочо Песнаџиев, Миалече Лисолаец, Михаил Димев и Начо Џивџанов. Заедно со Ташко Христов стоанисувале кафеана што ја користат за средби на дејци на ВМОРО. Подоцна е четник при Георги Сугарев. Во Илинденското востание во 1903 година е војвода на чета од битолските села, во која влегуваат и Иван Димов Паша и Димче Сарванов. Загинува во голема борба во месноста Бигла, Преспа на крајот на востанието. Во четата влегуваат 40 лица, пет од кои по потекло од Крстоар Спомени на Георги Попхристов.

Наводи

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Македонски револуционери Категорија:Родени во непозната година