Димитар Поп Стаматов — македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Животопис Димитар Поп Стаматов е роден во 1880 година во селото Бугариево, Солунско, тогаш во Османлиското Царство, денес Неа Месимврија, Грција. Син е на егзархискиот свештеник и македонски револуционер Стамат Танчев и внук на Божин Танчев. Завршува V клаа во Солунската машка гимназија и станува учител во селото Конско, Гевгелиско, а подоцна во Морарци (денес Антигона), Кукушко.

За време на Солунската афера од 1901 година е уапсен од страна на турските власти. Во 1903 година е четник при Крсто Асенов, подоцна кон крајот на година предводи чета во Струмичко, а следната 1904 година - во Малешево.

Во 1904 година е опкружен од турска потера во селото Митрашинци и загинува во борба Николов, Борис Й. Вътрешна Македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, С. 2001, с. 138Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993.. Христо Силјанов за него пишува:

... Димитар поп Стаматов ги импонираше сите во гимназијата со страшната своја физичка сила, а потоа стана познат како бестрашен терорист и четник, но загина премногу рано... Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том 1, издание на Илинденската организация, София, 1933, стр.41

Наводи

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Луѓе од Бугариево Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски просветители Категорија:Македонски војводи Категорија:Учесници во Илинденското востание