Христо Настев — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис мини|лево|350п|Четата на Jaнаки Јанев со Кичевско-Дебарското раководно тело во 1903 година. На сликата се уште Лука Ѓеров, Христо Настев, Климент Групчев, куриерката Пеповица и други.мини|лево|250п|Раководното тело на Дебарското-Кичевско револуционерен реон: (горе) Стојан од Кленоец, Иванчо од Пополжани, Никола Ѓорев од Лазарополе, Павле Каракуневски; (средина) Наки Јанев, Лука Ѓеров, Христо Настев; (подолу) Климент Групчев од Охрид и скриен легален деец на ВМОРО.мини|десно|250п|Слика на Христо Настев од крајот на востанието во Пиреја. Христо Настев е роден во 1876 година во градот Штип, тогаш во Османлиското Царство. Учи во Скопското егзархиско педагошко училиште (1895 - 1898), и влегува во ВМОРО. Во 1898 го завршува училиштето и една година е главен учител во Виница, каде што станува претседател на револуционерниот комитет на Организацијата. Настев го крева на нозе револуционерното дело во Виничко, којшто бил парализира од Виничката афера од 1897 година и ги возобновил каналот на потегот Ќустендил - Штип.
Осомничен од Турците дека се занимава со револуционерна дејност тој бега од Виница во Ќустендил, каде што добива од Бугарската егзархија назначување за главен егзархиски учител во градот Бунархисар, Одринско. Таму Настев го формирал првиот околиски комитет на ВМОРО, во кој влегуваат Димитар Спиров од Урумбеглија, Костадин Боруџиев и Георги Кехајов од Бунархисар, Димитар Ташев и Иван Котков од Колибите. Настев е избран за претседател на Комитетот. Ги обиколувал околните села - Урумбеглија, Курудере, Јана, Чонгара и Килибите и создава месни комитети. Стапил во контакт и со Георги Најденов, учител во Пенека, единственото село во Визенско со егзархиски учител и со помош и на Тодор Шишманов создава и таму револуционерен комитет.
Во 1900 година Настев го пречекува во Бунархисар Гоце Делчев и Стојан Лазов при нивната обиколка на Одринско. Војводата Георги Тенев одлучил да го одвлече некој побогат Грк за откуп. Киднапиран е чифликчијата Костаки Керемидчиоглу, но како последица на оваа акција турската полиција во т.н. Керемидчиоглува афера презема масовни апсења на бугарското население од Лозенградско и Бунархисарско. Христо Настев пребегнува во Бугарија и е осуден во отсуство на 101 години затвор. Како главен учител во Бунархисар го наследува Јани Војнов.
Во 1902 година Христо Настев се враќа во Македонија како нелегален и станува секретар на четата на капетан Тома Давидов, која дејствува во Битолско и Охридско.
Христо Настев е делегат на Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ, одржан од 20 до 27 април 1903 година. За време на Илинденското востание дејствува со чета во Леринско, под раководство на Георги Поп Христов.
По востанието од почетокот на 1904 година е раководител на граничниот ќустендилскиот пункт на ВМОРО. По објавената амнестија на учесниците во востанието, Настев се враќа во родниот град Штип, но е уапсен и осуден на 5 години затвор. Лежи во Скопскиот затвор Куршумли ан до Хуриетот во 1908 година, кога е ослободен.
По војните се населува во Бугарија. Работи како службеник во Варна. Од јануари 1923 година е член на Илинденската организација. Ја опишува смртта на војводата Дине Кљосов во претставата "Како умира македонскиот четник", одиграна на 18 февруари 1939 година во Македонскиот дом во Варна Илюстрация Илинден, бр.108, стр.10-11.
Умира на 20 јуни 1962 година во Варна Спомени на Христо Настев во: „Борбите в Македония и Одринско. 1878-1912. Спомени“, София, 1981, стр.308-315
Извори
Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски преселници во Варна Категорија:Воспитаници од Скопското педагошко училиште Категорија:Родени во 1876 година Категорија:Починати во 1962 година Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Учесници во Илинденското востание