Јордан Спасов — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис Спасов е роден во 1875 година во овчеполското село Кнежје, тогаш во Османлиското Царство. Останал без образование и станал четник во ајдутската чета на дедо Димо. Со неа во 1895 година, тој учествува во Мелничкото востание на Македонскиот комитет. При разбивањето на четата, тој бил заробен и затворен.
Бил амнестиран и повторно започнал со револуционерна дејност и во 1900 година, тој станал четник во четата на Мирче Ацев - Оровчанецот. Подоцна долги години, тој бил војвода на ВМОРО во Кратовската околија која ја обиколувал со чета од 15 души Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 475-481., „Българските революционни чети в Македония според доклад на А. Тошев до министъра на външните работи и изповеданията Д. Станчов“.
Бил суден од војводски суд и убиен во првите денови на Хуриетот поради обвинение и наложување од страна на Тодор Александров.Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ ІІ, София, 1937, стр. 202.
Извори
Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Учесници во Мелничкото востание