Роналд Антонио „Рони“ О'Саливан (англ. Ronnie O'Sullivan, р. 5 декември 1975 во Вордсли) — професионален англиски снукерист познат по својот стил на брза игра поради што и го добил прекарот „Ракетата“ (The Rocket). Тој e светски првак во пет наврати на Светското првенство во снукер кое се одржува традиционално на крајот од сезоната во Шефилд. Тој беше победник во 2001, 2004, 2008, 2012 и 2013 година, и е втор на сите времиња по заработка во кариерата, со околу 7 милиони фунти, тој е само зад Стивен Хендри. О'Саливан бил светски играч број 1 на пет наврати, има освоено вкупно 24 рангирани турнири, и е втор, повторно зад Хендри. На списокот на играчи со најмногу трицифрени пробиви е на првото место со 824. О'Саливан е рекордер со 13 максимални пробиви од по 147 бода во професионалната конкуренција, а исто така го држи рекордот за најбрз максимален пробив од 5 минути и 20 секунди.
Поврзано Светско првенство во снукер Марк Селби Стивен Хендри Стив Дејвис - снукерска легенда, денес коментатор Светско првенство во снукер
Наводи
Надворешни врски
Портал на Рони О'саливан
Категорија:Англиски снукеристи Категорија:Светски прваци во снукер Категорија:Родени во 1975 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Офицери на Редот на Британската Империја