Абаијанг (), а понекогаш и како Апаијанг или Апиаја е корален атол во Кирибати и е дел од Гилбертските Острови. Атолот во минатото бил познат како Шарлот, Метју и Сикс Ајалс.

Географија

Абаијанг е атол составен од 30 мали островчиња, од кои две денес се само карпи. Од сите островчиња, само Абаијанг, Рибоно и Нуотаејасе населени. Атолот има вкупна површина од 16 км2. Во јужниот дел од атолот се наоѓа Бингамскиот Канал кој ја поврзува лагуната со Тихиот Океан. Лагуната има површина со димензии од 26 x 8 километри. Каналот се наоѓа меѓу островчињата Абаијанг и Теирио.

Населени места

Населените места на островот Абаијанг се:

* Аонобуака Бототијам Коинава Евена Морикао Табонтебике Табвироа Табурао Такарано Танимаијаки Таниау Тебунгинако Туарабу Убантеман

Сообраќај

На островот се наоѓа Аеродром Атол Абаијанг. Малиот аеродром се наоѓа меѓу селата Табвироа и Туарабу.

Галерија

Поврзан0

Кирибати Гилбертски Острови Острови во Кирибати

Надворешни врски Exhibit: The Alfred Agate Collection: The United States Exploring Expedition, 1838-1842

Категорија:Гилбертови Острови