Роман Кројцигер (; р. ) — чешки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата . Кројцигер е универзален возач, со способности за планини и хронометри, станувајќи кандидат за генерален пласман на етапните трки. Исто така се смета за еден од најголемите таленти на овој спорт, по освојувањето на Светското јуниорско друмско првенство 2004 и Тур де Свис 2008 на возраст од 22. Следната година победил на Тур де Романди 2009, а во 2013 бил победник на Амстел Голд Рејс.

Неговиот татко, Роман Кројцигер, исто така бил велосипедист, кој ја освоил Трката околу Австрија во 1991 и Светското јуниорско велокрос првенство во 1983 година.

Кариера Ликвигас (2006-2010)

Станал професионалец во 2006 во Ликвигас, по успешната аматерска кариера, кои го забележале по победата на Светското јуниорско друмско првенство во 2004 и етапа на Џиро деле Региони во 2005. Во 2007, остварил големи подобрувања во неговите способности, станувајќи втор на прологот на Париз-Ница и Тур де Романди, каде исто така завршил шести во генералниот пласман. Првата негова професионална победа ја освоил на втората етапа на Сетимана Сиклистика Ломбарда. На крајот на 2008, го завршил и неговиот прв Гранд Тур по освојувањето на 21. место на Вуелта а Еспања.

Во 2008, завршил втор на Тур де Романди, 35 секунди позади Андреас Кледен, еден од водечките светски велосипедисти. Го осветил неговиот пораз со освојување на Тур де Свис, завршувајќи 49 секунди пред Кледен и победувајќи на планинскиот хронометар на преминот Клаузен. На неговиот прв Тур де Франс, се докажал како исклучителен специјалист за планини, меѓу светските великани, завршувајќи втор во пласманот за млад возач и 12. во генералниот пласман.

Во 2009, повторно се вратил на Тур де Романди и конечно успеал во неговиот обид да победи во трката, освојувајќи и една етапна победа. Покрај овој успех, успеал да заврши и на деветтото место на Тур де Франс.

Во 2010, Кројцигер го направил преместувањето од во , по петте поминати сезони со италијанската екипа.

Астана (2011-2012)

мини|лево|upright|Кројцигер на Тур де Франс 2011

Во 2011, Кројцигер го освоил планинскиот пласман и етапа на Џиро дел Трентино. Завршил на четвртото место на Лиеж-Бастон-Лиеж во масовниот спринт, скоро една и пол минута зад победникот Филип Жилбер. Потоа целел на Џиро д’Италија. Завршил на петтото место во генералниот пласман и исто така го освоил пласманот за млад возач.

Во 2012 завршил на третото место на Тирено-Адријатико. Настапил на Џиро д’Италија 2012 предводејќи ја Тим Астана со Паоло Тиралонго. Ја освоил планинската деветнаесетта етапа по соло-бегство но имал разочарувачки пласман на 15. место во генералниот пласман.

Тим Саксо-Тинкоф (2013–2016)

мини|десно|Кројцигер на Тур де Франс 2013

Кројцигер го напуштил на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на на тригодишен договор од сезоната 2013 па натаму. Во април 2013 ја освоил Амстел Голд Рејс. Се одвоил од водечката група на седум километри од целта и давал отпор на потерата на групата на Кауберг, освојувајќи соло триумф. Кројцигер работел со докторот за допинг Микеле Ферари, според поранешниот колега Леонардо Бертањоли. Кога го прашале за обвинувањата по Амстел Голд Рејс, Кројцигер одбил да коментира за овие врски, велејќи дека ќе даде изјава по Тур де Романди. Тоа го направил и признал дека работи со Ферари од есента 2006 до 2007, но не користел забранети средства. По Амстел Голд Рејс, Кројцигер завршил на третото место на Тур де Свис, целејќи на победа.

И покрај тоа што возел на Тур де Франс 2013 како поддршка на Алберто Контадор, Кројцигер по етапите во Пиринеите се наоѓал на петтото место во генералниот пласман. Откако имал солиден хронометар на етапата 17, Кројцигер се поместил на првите три места, претекнувајќи ги Лауренс тен Дам и Бауке Молема. И покрај тоа што имал висок пласман со Алберто Контадор, Кројцигер паднал на петтото место во генералниот пласман, откако изгубил контакт со Наиро Кинтана и Хоаким Родригес на Алпите.

Во 2014 година, Кројцигер ја започнал сезоната завршувајќи осми на Трката околу Оман. Возел на Тирено-Адријатико како поддршка на Алберто Контадор, каде завршил на третото место во генералниот пласман, додека Контадор ја освоил трката. Потоа, возел на арденските класици завршувајќи помеѓу првите десет на Флеш Валон и на Лиеж-Бастон-Лиеж. Потоа завршил осми на Тур де Свис.

Во јуни 2014 година, Тинкоф-Саксо објавил дек Кројцигер бил привремено суспендиран откако Меѓународниот велосипедистички сојуз пројавиле сомнеж во неговиот биолошки пасош. Сојузот ги потенцирал податоците за сезоните 2011 и 2012 преку писмо во јуни 2013 година, на кое Кројцигер одговорил во октомври 2013 година, иако вредностите не биле надвор од границите, кои определуваат до каде велосипедистите треба да одат. Ова го спречило Кројцигер од настап на Тур де Франс и на Трката околу Полска. Во август 2014 година, Арбитражниот суд за спорт ја одбил жалбата на Кројцигер да му дозволи да учествува на Вуелта а Еспања 2014. На 22 септември било објавено дека чешкиот олимписки комитет го ослободил од сите сомнежи и бил слободен повторно да настапи. Сојузот и Светската антидопинг агенција се жалеле против оваа одлука на Арбитражниот суд за спорт во октомври 2014 година. Случајот бил отфрлен од обете агенции на 5 јуни 2015 година. Кројцигер учествувал на Тур де Франс 2015, завршувајќи на 17. место.

Орика-Скот (2017-2018)

Во август 2016 година, Орика-БајкЕксчејнџ објавила дека Кројцигер потпишал двегодишен договор, кој ќе заврши на крај на сезоната 2018. Кројцигер изјавил: „Орика-БајкЕксчејнџ беше лесен избор за мене кога започнав да барам нова екипа и да ја одредам мојата иднина како возач. Навистина се восхитувам на амбициите кои ги имаат за понатаму и сакам целосно да им помогнам со нивните млади возачи за врвен успех на големите трки“.

Достигнувања

2004 1. 15п Светски друмски првак под 19 години 1. Друмски првак под 19 години 1. Хронометарски првак под 19 години 2. 15п Светско хронометарско првенство под 19 години 2. 15п Светско велокрос првенство под 19 години 2005 2. Краен пласман Џиро деле Региони 1. Етапа 3 8. ГП Палио дел Речото 10. Краен пласман Џиро дела Тоскана 2006 9. Трофео Чита ди Кастелфидардо 9. Гран Премио Индустрија е Комерсио Артиџанато Карнагезе 2007 1. Трофео Чита ди Боргоманеро 6. Краен пласман Сетимана Ломбарда 1. Етапа 1 (ТТТ) 1. Етапа 2 6. Краен пласман Тур де Романди 21. Краен пласман Вуелта а Еспања 2008 1. Краен пласман Тур де Свис 1. Етапа 8 (ITT) 1. Пласман за млад возач Трка околу Мисури 2. Краен пласман Тур де Романди 12. Краен пласман Тур де Франс 2009 1. Краен пласман Тур де Романди 1. Етапа 4 1. 20п Пласман за млад возач 2. Класика де Сан Себастијан 3. Краен пласман Тур де Свис 9. Краен пласман Тур де Франс 10. Краен пласман Вуелта ал Паис Васко 2010 1. Краен пласман Џиро ди Сардења 1. Етапа 2 3. Краен пласман Париз-Ница 1. 20п Пласман за млад возач 5. Амстел Голд Рејс 9. Краен пласман Тур де Франс 2011 1. Етапа 4 Џиро дел Трентино 1. Планински пласман 4. Лиеж-Бастон-Лиеж 5. Краен пласман Џиро д‘Италија 1. 20п Пласман за млад возач 2012 1. Етапа 19 Џиро д’Италија 3. Краен пласман Тирено-Адријатико 6. Страде Бјанке 2013 1. Амстел Голд Рејс 3. Краен пласман Тур де Свис 3. Класика де Сан Себастијан 5. Краен пласман Тур де Франс 6. ГП Мигел Индураин 2014 3. Краен пласман Тирено-Адријатико 5. Страде Бјанке 7. Лиеж-Бастон-Лиеж 8. Краен пласман Трка околу Оман 8. Флеш Валон 8. Краен пласман Тур де Свис 2015 1. Етапа 6 САД Про Сајклинг Челинџ 5. Краен пласман Лиеж-Бастон-Лиеж 10. Краен пласман Тирено-Адријатико 2016 1. 20п Национално друмско првенство 6. Краен пласман Вуелта а Андалусија 7. Лиеж-Бастон-Лиеж 10. Краен пласман Тур де Франс 10. Краен пласман Тирено-Адријатико 2017 1. Про Ецталер 5500 4. Национално друмско првенство 2018 2. Амстел Голд Рејс 4. Флеш Валон 6. Светско друмско првенство 8. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана 8. Лиеж-Бастоњ-Лиеж

Распоред на резултатите од етапните трки

Распоред на резултатите на големите трки Голема трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро————515——28——55—— 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур—1298112—5—171024—16109 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта21—6128——СО———————Распоред на резултатите на етапните трки Етапна трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 Париз-Ница 19 СО СО3 17 — — — — — — 19 — 24 Тирено-Адријатико — — — — —3 1331010 СО — 24 — Волта а Каталуња — — —8 — — — — — — — — —НСО Трка околу Баскија — —10 — — — 18 17 — 30 33 — — Тур де Романди621 СО 636 30 — — — 35 — — Критериум ди Дофине — — — — — — — — — 19 28 — — СО Тур де Свис —13 16 —638 — — — СО 22НСО

Распоред на резултатите на класиците

Монумент 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020Милано-Санремо — — — 86 — — — СО 29 56 — — 40 54Трка околу Фландрија colspan=15 rowspan=2 Париз-РубеЛиеж-Бастоњ-Лиеж — — 45 484 — 125757 278 79 —Џиро ди Ломбардија — — — — — — — 23 52 СО 32 — СО — Класик 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020Страде Бјанкенема — — — —6 — 5 11 — СО — 20 СОАмстел Голд Рејс 59 52 185 — —1 18 14 12 1262 18НСОФлеш Валон 39 50 51 91 — — 178 11 11 724 СО —Класика де Сан Себастијан — 202 СО — —3 — 13 22 63 — —NH

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Наводи

Надворешни врски

Достигнувања на Cycling Base

Категорија:Чешки велосипедисти Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Олимписки велосипедисти на Чешка Категорија:Етапни победници на Тур де Свис Категорија:Чешки етапни победници на Џиро д’Италија