Ѓулели — раселено село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Денес, од селото нема никакви видливи остатоци.

Потекло и значење на името

Името на селото потекнува од турскиот збор Ѓул (gül), што означува „цвет или ружа“. Како втора варијанта на значењето е турскиот збор ѓуле (gülle), што означува „тркалезен“.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Воздушен поглед на Ѓулели

Селото се наоѓало во областа Бојмија, сместено во јужното подножје на планината Плавуш.

Се наоѓало во северозападниот дел на Општина Валандово, од десната страна на реката Вардар, на надморска височина од 180 метри.

Крај селото тече Аразлиска Река и оди во југозападен правец, па се влева во Вардар на самиот крај од атарот.

До некогашното село води земјен пат, кој започнува од селото Удово, до кое има асфалтен пат.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ѓулели живееле 100 жители, сите Турци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 162.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во селото имало 25 до 50 Турци.

Населението на селото почнало да опаѓа уште во првите децении на XX век, и по Втората светска војна тоа било преполовено во однос на почетокот на векот. Доживеало извесен пораст во текот на наредните години, но во 1950-тите е целосно напуштено со иселувањето на Турците од Македонија.

Селото било наполно раселено по 1953 година, когашто броело 66 жители, турско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Ѓулели немало жители. Истото било потврдено и на последниот попис од 2021 година.

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Ѓулели било наполно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Удово, во која покрај селото Ѓулели се наоѓале селата Ајранли, Аразли, Баракли, Башали, Вејсели, Градец, Јосифово, Плавуш, Терзели и Удово. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Удово, во која влегувале селата Аразли, Баракли, Башали, Градец, Ѓулели и Удово.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0291 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Удово. Покрај селото Ѓулели, во ова избирачко место се опфатени и селата Аразли, Башали, Баракли, Градец и Удово.

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 668 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Реки Аразлиска Река — река низ селото

Поврзано Општина Валандово Валандово Бојмија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Валандовски села Категорија:Села во Општина Валандово Категорија:Раселени села во Македонија