Винченцо Нибали (; р. во Месина) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .
Роден близу Месинскиот Проток, прекарот на Нибали е „ајкула на протокот“ или едноставно „ајкула.“ Неговата прва голема победа се случила на ГП Западна Франција 2006, која е еднодневна трка. Меѓутоа, експерт како што е Микеле Бартоли кажал дека Нибали е спремен за учество на етапни трки. Негови најголеми победи се освојувањето на големите трки Вуелта а Еспања 2010, Џиро д’Италија 2013 и Тур де Франс 2014, правејќи го еден од шесте велосипедисти кои имаат победи на сите три големи трки во нивната кариера. Исто така има освоено две изданија на етапната трка Тирено-Адријатико.
Има одлични резултати и на класичните велосипедски трки, освојувајќи ги изданија во 2014 и 2015 на националното друмско првенство, ГП Западна Франција во 2006 година и „монументот“ во друмскиот велосипедизам: Џиро ди Ломбардија во 2015 и во 2017 година и Милано-Санремо во 2018 година. Има освоено подиуми на Лиеж-Бастоњ-Лиеж и на претходните изданија на Милано-Санремо.
Ран живот
Винченцо Нибали е роден во 1984 на 14 ноември, син на Салваторе и Џована. Со цел да стане велосипедист, заминал од неговиот роден град Месина и се преселил во Тоскана, на само 16 години. Десет месеци во годината живеел во куќата на поранешниот спортски директор, Карло Франчески, во Мастромарко, близу Лампорекио, каде сè уште живее.
Кариера Рана кариера
Нибали завршил трет на Светското јуниорско хронометарско првенство во 2002 и на Светското хронометарско првенство за под 23 години во 2004 година. Станал професионалец во 2005 година со . Во 2006 година, Нибали потпишал со . Истата година победил на францускиот класик ГП Западна Франција на 21 година. Исто така завршил втор во генералниот пласман на трката Сетимана интернационале ди Копи е Бартали, освојувајќи ја првата етапа. Во 2007, Нибали возел на Џиро д’Италија за првпат и завршил 19. во генералниот пласман. Во 2008, Нибали завршил 10. на Лиеж-Бастон-Лиеж и успеал да влезе во првите 20 на двете трки, Џиро д’Италија и Тур де Франс.
2009
мини|лево|Нибали завршил седми во генералниот пласман на Тур де Франс 2009
Во 2009 Нибали забележал победа на Џиро дел’Апенино, каде нападнал на скоро 50 километри пред целта и победил сам. Ја посветил победата на неговата баба. Победа остварил и на Гран Премио Сита ди Камаиоре. Завршил шести во генералниот пласман на Трката околу Калифорнија, деветти во генералниот пласман на Вуелта ал Паис Васко и седми во генералниот пласман на Тур де Франс, неговиот најдобар пласман на Гранд Тур.
2010
мини|десно|Нибали ја носи водачката маичка на Вуелта а Еспања 2010
Нибали ја започнал 2010 со освојување на генералниот пласман на Тур де Сан Луис. Ја облекол водечката розова маичка на Џиро д’Италија 2010, откако неговата екипа го освоила екипниот хронометар на етапа 4, подоцна ја освоил и етапата 14 и така завршил трет зад неговиот колега Иван Басо и Давид Аројо. Во јуни, Нибали ја освоил Трката околу Словенија. Подоцна во сезоната, Нибали го освоил Трофео Мелинда. Нибали победил на Вуелта а Еспања без притоа да освои една етапа, благодарејќи на последователно високите места на етапите, кои завршувале на врв и двата хронометри во трката. Тој го наследил водството во трката, откако Игор Антон бил принуден да се повлече по несреќата на етапа 14. Ова ја одбележала неговата прва Гранд Тур победа.
2011
Нибали ја започнал 2011 со солидна форма, заземајќи го петтото место во генералниот пласман на Тирено-Адријатико. Исто така имал и солидна сезона на класиците, забележувајќи осмо место на Милано-Санремо и на Лиеж-Бастон-Лиеж. Нибали бил еден од фаворитите за Џиро д’Италија 2011, бидејќи Иван Басо не возел, давајќи му предност во Ликвигас. Завршил трет во генералниот пласман зад Алберто Контадор и Микеле Скарпони, а Нибали и Скарпони се бореле за секунди во последната недела, откако станало јасно дека јазот во времето на Контадор е преголем (На Контадор подоцна му била одземена титулата, со што Нибали станал втор).
Нибали исто така ги водел Ликвигас и на Вуелта а Еспања. На етапата 6, Ликвигас наредил бегство во близина на Кордоба, но недостигот на комуникација довело Нибали да заврши четврти, со што не успеал да освои бонус секунди. Тој се искачил на третото место по етапата 11, зад дуото од Скај, Бредли Вигинс и Крис Фрум. Следните неколку етапи, Нибали започнал да го намалува водството на Вигин со добивање временски бонуси од спринтовите. Меѓутоа на етапата 14 Нибали доживеал пад во формата, со што бил ставен надвор од борбата за подиум. Завршил седми во генералниот пласман.
2012
мини|лево|Нибали на Тур де Франс 2012
Нибали ја започнал сезоната 2012 со второ место во генералниот пласман на Трка околу Оман, една секунда зад Петер Велитс, победувајќи ја кралската етапа. Нибали го освоил генералниот пласман на Тирено-Адријатико, откако победил на етапата 5. Исто така, го освоил и бодовниот пласман. Во март, Нибали завршил трет на Милано-Санремо, неговиот прв подиум на некоја монументална трка.
На Лиеж-Бастон-Лиеж, побегнал сам, кога нападнал на искачувањето Кот де ла Рош о Фокон и ги отфрлил неговите главни соперници на 20 километри пред крајот, но бил поминат од Максим Иглински (), токму во последниот километар (flamme rouge). Стигнал до целта за второто место.
Нибали одбрал да го насочи своето внимание на Тур де Франс, прескокнувајќи ја Џиро д’Италија со цел подобро да се подготви. По солидната прва недела, Нибали завршил четврти на првата завршница на нагорнина на етапата 7 и се искачил на третото место во генералниот пласман, шеснаесет секунди зад водачот Бредли Вигинс и шест зад бранителот на титулата Кедел Еванс. Меѓутоа, Нибали задоцнил две минути зад Вигинс на хронометарот на етапата 9, каде бил осми, и паднал на четвртото место во генералниот пласман, зад колегата на Вигинс Крис Фрум. На етапата 10, Нибали нападнал на спустот на Кол ду Гран Коломбје и се поврзал со колегата Петер Саган, но двоецот бил достигнал од главната група предводена од Скај. Потоа Нибали го обвинил Вигинс на покажување недостиг на почит на крајот на етапата.http://www.nbcsports.msnbc.com/id/47998208/ns/sports/ Нибали повторно нападнал на следната етапа, која завршувала на нагорнина во Ла Тусуар и добил време пред Вигинс и Фрум, но тандемот повторно стигнал до него, иако успеал да дојде до третото место откако Кедел Еванс изгубил доста време. Тој нападнал повторно на етапата 16 на Кол де Пересурд, каде само Вигинс и Фрум можеле да го следат. Го достигнале пред врвот, но Нибали повторно забрзал, но Вигинс го затворил јазот и тројцата завршиле заедно. Нибали изгубил време од Вигинс и Фрум на следната етапа, друга планинска етапа, овојпат со завршница на врв и две етапи подоцна на последниот поединечен хронометар, кој Вигинс го освоил. Нибали завршил трет, единствен возач кој завршил во рамките на 10 минути од Вигинс и Фрум.
Нибали го напуштил на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на на двегодишен договор од сезоната 2013.. Договорот вредел три милиони евра на година.
2013
Нибали ја започнал сезоната во 2013 во добра форма, завршувајќи седми на Трката околу Оман и победувајќи на Тирено-Адријатико. Ја освоил водечката маичка на трката од рамениците на Крис Фрум на шестата етапа, кога побегнал со Петер Саган и Хоаким Родригес на краткото искачување со наклон од 30%. Се одржал пред Фрум на последниот хронометар. Во април победил на Џиро дел Трентино на последната етапа со завршница на нагорнина. Го преземал водството од Максим Буе, кој бил предводник на трката од втората етапа. Нибали забрзал на последното искачување од екстра категорија, одвојувајќи се од соперниците Мауро Сантамброџо и Бредли Вигинс, кои имале механички проблеми и ја освоил етапата.
мини|Нибали ја носи водечката розова маичка на последната етапа на Џиро д’Италија 2013
Нибали и Вигинс влегле на Џиро д’Италија како главни фаворити за победа на трката. Нибали ја освоил водечката розова маичка на осмата етапа откако завршил четврти на хронометарот, освоен од Алекс Даусет, доцнејќи само 11 секунди зад Вигинс. На десеттата етапа, првата завршница на нагорнина, Нибали завршил трет зад Ригоберто Уран и го зголемил водството пред второпласираниот Еванс на 41 секунда. Остатокот на трката бил под сериозно влијание на лошите временски услови. Нибали здобил уште повеќе време пред соперниците на етапата 14, завршувајќи на Монте Јаферау Јаферау, откако тој и Мауро Сантамброџо се одвоиле во смрзнувачки услоги, а Нибали му дозволил на Сантамброџо да ја освои етапата. Нибали ја освоил етапата 18, планински хронометар, со 58 секунди пред Самуел Санчес, со што го зголемил водството пред Еванс и Уран на преку четири минути. Следната етапа, предвидена како кралска етапа на трката, била откажана поради снегот. Етапата 20, последната планинска етапа, исто така била попречена од силен снег, која Нибали ја освоил со напад на последното искачување до Тре Чиме ди Лаваредо за победа на етапата со 17 секунди пред Фабио Дуарте, додека Уран доцнел дополнителни две секунди. Нибали исто така преминал во водство во бодовниот пласман. Нибали сигурно ја поминал последната етапа до Бреша за победа на Џиро со четири минути и 43 секунди пред Уран, негова втора победа на некоја голема трка. Меѓутоа, како Марк Кевендиш ги освоил сите средни спринтови пред освојувањето на последната етапа, Нибали завршил втор зад него во бодовниот пласман. На Вуелта а Еспања, Нибали се двоумел дали да се бори за црвената маичка за да ја забележи неговата втора победа на голема трка во 2013 или да ја чува неговата енергија за Светските првенства, кои ќе се одржувале неколку недели подоцна во неговата родна земја, во Тоскана. Возел добро и ја носел црвената маичка неколку етапи, но на крајот завршил на второто место. Нибали ја носел водечката маичка повеќе отколку било кој друг Италијанец во историјата на Вуелта а Еспања.
2014
мини|лево|upright|Нибали ја носи жолтата маичка на Тур де Франс 2014
По освојувањето на Џиро во 2013 година, Тур де Франс станал главна цел за Нибали во сезоната 2014.
Во поголемиот дел од сезоната пред Тур, Нибали покажал солидна форма, но без победи на трки и високи пласман. Исто така бил критикуван од италијанскиот печат поради разочарувачкиот настап на Критериум ду Дофине.
На 28 јуни, Нибали станал италијански првак со неговата прва победа во 2014 на националното друмско првенство (Трофео Мелинда).
Една недела и еден подоцна на 6 јули, Нибали ја обезбедил водечката жолта маичка со победа на втората етапа на Тур де Франс 2014. Продолжил да ја чува жолтата маичка до осмата етапа, при што ја загубил на деветтата етапа од Французинот Тони Галопен. Но, успеал брзо да ја врати назад, уште на десеттата етапа, откако еден од најголемите негови соперници во генералниот пласман Алберто Контадор паднал и ја напуштил трката; кон крајот на етапата, Нибали ги достигнал Хоаким Родригес и Михал Квјатковски и стигнал сам до врвот на етапата. Ја освоил етапата и се вратил во жолто на 14 јули 2014, на Денот на Бастилја. Потоа, Нибали ја освоил тринаесеттата етапа во Шамрус откако ги претекнал Леополд Кениг и Рафал Мајка близу врвот. Продолжил да ја покажува својата надмоќ во остатокот на трката и на осумнаесеттата етапа во Откам нападнал во подножјето на искачувањето и ја освоил етапата со разлика од над една минута во однос на второпласираниот Тибо Пино. Ова било негова четврта и последна етапна победа на трката. Завршил на одличното четврто место во завршниот хронометар. Во генералниот пласман имал предност од 7 минути и 52 секунди, најголема разлика на победа на Тур во претходните 17 години.
Следна трка за Нибали била Копа Берноки, каде завршил со водечката група на 18. место, откако нападнал неколкупати на трката.
2015
мини|upright|Нибали (напред) напаѓа со Наиро Кинтана (позади) на Тур де Франс 2015