Не е исто со Каролински Острови.
thumb|250px|right|Карта на Линиските Острови.
Каролинскиот Остров (Caroline Island), познат и како Милениумски Остров или Бекиса, е корален атол во Кирибати. Атолот е дел од Линиските Острови во Тихиот Океан. Од Европејците, островот за првпат бил забележан во 1606 година. Низ историјата островот бил под британска и американска управа, а по независноста на Кирибати островот е дел од оваа држава. Во XIX и XX век имало присуство и на луѓе поради ископувањето гвано (птичјо ѓубриво). Островот е дом на една од најголемите колонии кокосови краби. Интересен факт за Каролинскиот Остров е дека атолот е прва точка која премината на 1 јануари 2000 година (последна од +12 часовниот појас). Тоа е поради тоа што Кирибати ја сменила часовниот појас, а островот е најисточен во државата.
Географија
Каролинскиот Остров е најјужноисточен атол во Линиските Острови. Атолот е составен од 39 мали островчиња и има тесна лагуна која има вкупна површина од 6.3 км2. Копното има вкупна површина од 3.76 км2, а заедно со лагуната и коралниот гребен има вкупна површина од 24 км2. Надморската височина на островот е 6 метри.
Галерија
Наводи
(Text of "Caroline Island" chapter online at: )
(Text of "Caroline Island" profile online at: )
Поврзано
Кирибати Острови во Кирибати Линиски Острови
Надворешни врски Програма за заштитени области Атолот на Living Archipelagos Атолто на Oceandots Карта на атолот
Категорија:Линиски Острови