Драган Василески (Горно Добреноец, - , ) ― македонски географски истражувач, научник и универзитетски професор. Бил сметан за еден од најеминентните хидролози на Балканот.
Животопис Ран живот и образование Василески бил роден на 23 април 1954 година во кичевското село Горно Добреноец. Основното образование го завршил во ОУ „Слобода“ во селото Другово, а средното училиште во гимназијата „Мирко Милески” во Кичево во учебната 1975/76 година. По завршувањето на средното училиште, се запишал на студии на Географскиот факултет во Скопје и истите ги завршил во учебната 1978/79 година. Магистрирал во април 1987 година, а докторската дисертација под насловот „Радика – хидрографско хидролошка студија“ ја одбранил во април 1991 година.
Кариера Соодветно на научното усовршување се одвивало и универзитетското наставно унапредување, така што непосредно по дипломирањето во 1980 година, Василески се вработил како помлад асистент на Географскиот факултет во Скопје, во 1987 година е избран за асистент на факултетот, во 1992 година во доцент, во 1997 во вонреден професор и во 2002 година е избран во највисокото наставно научно звање редовен професор по група предмети од областа на хидрологијата и сродни дисциплини на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. На таа положба останал сè до својата смрт, односно до 28 ноември 2011. Професорот Василески бил ментор и член на комисии за поголем број на магистерски тези и докторски дисертации. Имал доста богата општествена активност. Активно бил вклучен во органите и телата на разни установи. Бил шеф на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет, бил член на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, член на одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“, продекан за финансии на Природно-математичкиот факултет и други функции и задолженија. Од посебно значење се и активностите во уредувачките одбори на списанијата Географски разгледи (издание на Македонското географско друштво) и Годишниот зборник на Институтот за географија. Како активен член на Македонското географско друштво го има добиено највисокото признание Плакета на заслужни географи од Македонско географско друштво.
Трудови Бил носител и остварувач на 11 научни проекти. Објавил 45 научни трудови во разни списанија и зборници од конгреси и симпозиуми, седум поединечни научни монографии меѓу кои „Колешинскиот Слап“, „Планинските езера на Дешат“, „Планинските езера на Јабланица“, „Планинските езера на Пелистер“, „Водопадите на Ростушка Река и реката Битушница“, „Билјанин Слап“ (на Тресонечка Река) и „Смоларскиот Водопад“. бил и соавтор на средношколки учебници и помагала и друго.
Поврзано
Томе Андоновски Миливој Гашевски Васил Граматниковски Васа Даскаловски Никола Димитров Мирјана Ѓорѓиева Михаило Зиков Петар С. Јовановиќ Димитар Јаранов Тодор Кондев Велимир Ј. Костовски Душан Манаковиќ
Благоја Маркоски Љубе Миленковски Гиго Милески Иван Несторовски Милош Павловиќ Митко Панов Никола Панов Јордан Пенџерковски Ѓорче Петров Илија Петрушевски Митко Поптрандовски Војислав Радовановиќ
Бранислав Русиќ Аслан Селмани Јаким Синадиновски Станко Станковски Часлав Стојадиновиќ Милорад Стојановиќ Александар Стојмилов Владимир Точковски Јован Трифуноски Атанасие Урошевиќ Јован Цвииќ Димитрија Чуповски
Наводи
Категорија:Луѓе од Горно Добреноец Категорија:Македонски учебникари Категорија:Македонски хидролози Категорија:Професори на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Македонски лимнолози Категорија:Македонски потамолози Категорија:Македонски хидролози Категорија:Југословенски учебникари Категорија:Југословенски хидролози Категорија:Југословенски потамолози Категорија:Југословенски лимнолози Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“