десно|рамка|Марковниковото правило прикажано на реакција меѓу пропен и бромоводородна киселина Марковниковото правило е правило кое го опишува исходот на некои реакции на адиција во органската хемија. Формулирано е од рускиот хемичар Владимир Васиљевич Марковников во 1870 година.Was Markovnikov’s Rule an Inspired Guess? Peter Hughes 1152 Journal of Chemical Education • Vol. 83 No. 8 August 2006
Објаснување Правилото гласи дека при адиција на протонска киселина HX на алкен, водородниот атом (H) се поврзува со јаглеродниот атом од двојната врска со помалку алкил супституенти, а халидната (X) група се поврзува со јаглеродниот атом со повеќе алкил супституенти.Organic Chemistry, 6th Edition, by John McMurry. Section 6.9, page 187
Истото се случува и при реакција на алкен со вода при што се формира алкохол. Хидроксилната група (OH) се врзува за јаглеродниот атом од двојната врска кој е повеќе супституиран, додека водородниот атом се врзува за јаглероден атом кој е помалку супституиран.
Со откривањето на карбокатјоните се покажало дека овие реакции на адиција се одвиваат според марковниковото правило, бидејќи на тој начин се формира најстабилен карбокатјонски интермедиер.
Наводи
Категорија:Органска хемија Категорија:Физичка органска хемија