Вото (маршалски: WōttoMarshallese-English Dictionary - Place Name Index) е корален атол во Тихиот Океан составен од 13 мали островчиња. Атолот сочинува една од општините во Маршалските Острови и е дел од Раличките Острови. Вкупната површина на атолот е 4.33 км2, а лагуната има 94.92 км2. Името значи „влез низ гребен“ или „далечен остров“. Според податоците од 1998 година, на атолот живееле 160 жители.

Историја Островот бил порано именуван како Шанцов Остров, по Јохан Еберхард фон Шанц, откривач на островот во 1835von Schantz, Johan Eberhard . Во 1884 година атолот бил под германска управа, по Првата светска војна под јапонска управа, а по Втората светска војна под американска управа. Во 1986 година Маршалските Острови станале независни и атолот станал дел од новата држава.

Наводи

Поврзано Маршалски Острови Острови во Маршалските Острови Ралички Острови

Надворешни врски Маршалски Острови Вото на Oceandots.com

Категорија:Ралички Острови Категорија:Општини во Маршалските Острови