Ронгерик или Ронгдрик (маршалски: Ron̄dikMarshallese-English Dictionary - Place Name Index) е ненаселен корален атол во Тихиот Океан составен од 17 мали островчиња. Атолот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови. Атолот е оддалечен околу 200 км источно од Бикини. Вкупната површина на атолот е 1.68 км2, а лагуната има 144 км2.

Историја Во 1884 година атолот бил под германска контрола и дел од Германска Нова Гвинеја. По Првата светска војна атолот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна под американска. Во 1986 година Маршалските Острови станале независни и атолот станал дел од новата држава.

По американските јадрени тестирања на Бикини, населението било преселено на Ронгерик за краток период. Меѓу Маршалците атолот е познат по приказните за Демините-девојчиња од Уџае, кои влијаеле атолот да биде ненаселен.

Наводи

Поврзано Маршалски Острови Острови во Маршалските Острови Ралички Острови

Надворешни врски Маршалски Острови Ронгерик на Oceandots.com Историја на Бикини Демоните-девојчиња од Уџае

Категорија:Ралички Острови