Намдрик или Наморик (маршалски: Nam̧dikMarshallese-English Dictionary - Place Name Index) е корален атол во Тихиот Океан составен од две островчиња. Атолот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови и сочинува една од општините во државата. Атолот има вкупна површина од 2.8 км2 и лагуна од 8.4 км2. Според податоците од 1998 година, на атолот живееле 814 жители. Намдрик се наоѓа 145 км југозападно од Џалуит и 117 км северозападно од Ебон. Поголемото островче на атолот го носи името Намдрик и двете островчиња се поврзани со корален гребен.

Историја Германија во 1884 тврдела дека Наморик е под нивна контрола, како и останатите Маршалски Острови. По Првата светска војна островот бил под јапонска управа, а по Втората светска војна под американска управа. Со независноста на Маршалските Острови, атолот станал дел од новата држава.

Наводи

Поврзано Ралички Острови Маршалски Острови Острови во Маршалските Острови

Надворешни врски Наморик Наморик на Ocendots Маршалски Острови

Категорија:Ралички Острови Категорија:Општини во Маршалските Острови Категорија:МСЗП-Категорија VI