Брусник — село во Општина Неготино, во околината на градот Неготино.
Географија и местоположба Селото се наоѓа на источниот дел од областа Тиквеш, на надморска височина од 320 метри.
Интересно е дека во Србија, во општина Заечар, туку поблиско на градот Неготин се наоѓа село со истото име Брусник.
Историја Во XIX век селото било дел од Тиквешката Каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Брусник имало 165 жители, од кои 160 Турци - Јуруци и 5 Роми.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 155.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.
Според пописот од 2002 година, селото Брусник имало само 3 жители, Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Родови Брусник било турско село.
Според истражувањата од 1920-1924 година родови во селото биле:
Доселеници: Ибрајимогулари (2 к.) и Мамутогулари (1 к.) стари јуручки доселеници; Далиплари (1 к.) и Усолар (1 к.) доселени во 1913 година од селото Горни Промет.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1232 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. на селото Војшанци.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 315 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво Во 1912 година во Турција се иселиле 15 семејства.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Неготински села Категорија:Села во Општина Неготино
Категорија:Раселени села во Македонија