Чезаре Борџија (итал. Cesare Borgia, шпан. César Borja; 13 септември 1475 или април 1476Maike Vogt-Luerssen: Lucrezia Borgia — The Life of a Pope's Daughter in the Renaissance, 2010 - 12 март 1507) бил војвода од Валентино, италијански кондотиер, благородник, политичар, и кардинал. Тој бил син на папата Александар VI и неговата љубовница Ваноза деј Катанаеј. Тој бил брат на Лукреција Борџија, Џовани Борџија (Хуан), војводата од Гандија, Хофре Борџија, кнез на Сквилаче, како и полубрат на дон Педро Луис де Борџија (1460-1488) и Џиролама де Борџија, деца на непознати мајки. Потекло

Роден е во Рим во 1475 или 1476. Негов татко бил кардиналот Родриго де Ланзол Борџија, кој наскоро бил устоличен за папа под името Александар VI, а негова мајка била Ваноза, љубовница на Родригоз за која има малку сведоштва. Семејството Борџија потекнувала од Кралството Валенсија и до средината на 15-от век успеале да стекнат моќ во Римокатоличката црква. Чезаре бил потомок на Алонсо Борџија (1378-1458), епископ на Валенсија, кој бил избран за папа под името Каликст III во 1455 година. Александар VI, таткото на Чезаре, бил првиот папа кој отворено признал дека има деца со љубовница.

Стефано Инфасура истакнал дека кардиналот Борџија лажно тврдел дека Чезаре бил син на друг човек - Доменико ди Аригано, номинален сопруг на Ваноза Катанаеј. Папата Сикст IV со папската була од 1 октомври 1480 година го ослободил Чезаре од потребата за докажување на неговото раѓање Sabatini (pp. 45, 48), citing the supplement to the Appendix of Thuasne's edition of Burchard's Diarium.

Кариера Црковни функции Чезаре првично бил подготвуван за кариера во Римокатоличката црква. Бил устоличен за епископ на Памплона на 15 годишна возраст. Се школувал во Перуџа и Пиза каде изучувал право. Кога неговиот татко бил избран за папа, Чезаре бил устоличен за кардинал на 18 годишна возраст Herfried Münkler and Marina Münkler, Lexikon der Renaissance, Munich: Beck, 2000, p. 43ff.. Паралелно со напредувањето на Чезаре во црковната херархија, неговиот брат Џовани Борџија се подготвувал за воена кариера, Александар VI сакал преку издигањето на Џовани да ја засили моќта на семејството Борџија и тој бил поставен за капетан на воените сили на Папската Држава. Меѓутоа во 1497 година Џовани бил убиен во мистериозни околности, според некои извори главен инспиратор на убиството е Чезаре Spinosa, La saga dei Borgia, бидејќи со исчезнувањето на Џовани му се отворил патот за посакуваната воена кариера. Според друга верзија, причината за убиството на Џовани е љубомората околу Санча од Арагон, сопруга на помладиот брат на Чезаре - Хофре, таа била љубовница на Чезаре и Џовани Rendina, I capitani di ventura. Улогата на Чезаре во убиството на неговиот брат, никогаш јасно не била утврдена.

На 17 август 1498 година, Чезаре станал првиот човек во историјата кој поднел оставка од функцијата кардинал. Истиот ден, францускиот крал Луј XII му ја доделил титулата војвода од Валентино, оваа титула и неговата поранешна позиција, кардинал на Валенсија, го објаснуваат неговиот прекар "Валентино".

Воена дејност мини|лево|200п|Папата Александар VI мини|десно|160п|Грбот на семејството Борџија Воената дејност на Чезаре била под покровителство на неговиот татко Александар VI, кој склучил сојуз со Франција и го организирал неговиот брак со Шарлота од Албре, сестра на nаварскиот крал Јован III, во текот на Италијанските војни. Луј XII извршил инвазија врз Италија во 1499 година, откако Џан Џакомо Тривулзио го соборил војвода Лудовик Сфорца, во текот на походот, Чезаре го придружувал францускиот крал.

Походот на Луј XII имал позитивен ефект врз кариерата на Чезаре. Неговиот татко, Александар VI решил да ја искористи состојбата за засилување моќта на семејството Борџија, преку создавање на држава во северниот дел на Италија под власт на неговиот син. За таа цел, тој објавил дека сите негови викари во Ромања и Марке се расчинети. Иако во теорија се потчинувале директно на папата, овие владетели биле практично независни или зависни од други држави во текот на генерации. Во очите на поданиците, викарите биле сурови, а тоа било искористено од Чезаре за полесно преземање на овие територии, а по воспоставувањето на власта тој добил широка поддршка жителите. Николо Макијавели истакнува:

Папата Александар VI, во желбата да го направи славен својот син, војводата, наиде на бројни тешкотии, како во почетокот, така и подоцна. Најпрвин, не гледаше начин да го направи владетел освен на некоја држава шот потпаѓа под Црквата, а знаеше дека одлуката за преземање на било која од црковните држави нема да ја одобрат ни војводата од Милано, ни Венецијанците, под чија заштита тогаш се наоѓаа Фаенца и Римини. Покрај тоа, беше свесен дека војската во Италија, особено онаа што можеше да му послужи, беше во рацете на оние што на неа не можеше да се надева. Значи, беше неопходно да се наруши постојниот поредок, да се растурат италијанските држави, за да може да се обезбеди власта над некој дел од нив. Работата му ја олеснија Венецијанците, кои водени од некои други причини, размислува повторно да ги доведат Французите во Италија. Папата не само што не и се спротивстави на оваа замисла, туку помогна во нејзиното остварување, овозможувајќи го раздорот на првиот брак на кралот Луј. Така, кралот навлезе во Италија со помош на Венецијанците и со одобрението на Александар. Штом тој пристигна во Милано, папата му побара дел од неговата војска, потребна за освојувањето на Ромања, со која успеа да завладее токму благодарение на угледот на кралот. мини|лево|150п|Портрет на Чезаремини|десно|200|Писмо на Чезаре Чезаре беше назначен за командант на папската војска составена од голем број на италијански платеници, поддржана од 300 коњаници и 4 000 швајцарски пешаци испратени од страна на кралот на Франција. Со овие сили, Чезаре започнал да ја шири својата власт. Неговата прва жртва била Катерина Сфорца (мајка на кондотиерот Џовани Дале Банде Нере), владетел на Имола и Форли. И покрај тоа што бил лишен од тие два града по нивното освојување, тие биле окуприрани од француската војска, Чезаре се вратил во Рим за да го прослави својот триумф, а неговиот татко му ја доделил титулата гонфалониер на Црквата. Во 1500 година, Чезаре со финансиската поддршка на својот татко успеал да ги придобие на своја страна познатите кондотиери Вителозо Вители, Џијан Паоло Баглиони, Јулио и Паоло Орсини, како и Оливерото Фермо, со кој ја продолжил својата кампања во Ромања. Николо Макијавели истакнува:

Откако војводата Валентино ја задзеде Ромања и го победи семсејството Колона, реши да ја задржи оваа позиција, и да напредува понатаму. Но, две нешта го спречува во таа замисла: најпрвин неговата војска, за која сметаше дека не му е доволно верна, а потоа - волјата на Франција. Всушност, се плашеше дека војската на семејството Орсини, која тој ја користеше, би можела да го напушти, со што ќе беше не само спречен во натамошните освојувања, туку ќе беше оспорена и власта во веќе замените области. Од истите причини стравуваше и од кралот Луј. Членовите на семејството Орсини му дадоа повод за ваквото мислење кога војводата, по заземањето на Фаенца, ја нападна и Болоња, а тие мошне колобливо учествуваа во нападот.

Џовани Сфорца, првиот сопруг на Лукреција, сестра на Чезаре, наскоро бил соборен од Пезаро, Пандалфо Малатеста го изгубил Римини, Фаенза се предала, неговиот владетел младиот Асторе III Манфред подоцна бил удавен во реката Тибар по наредба на Чезаре. Во мај 1501 година, Чезаре го создал војводството Ромања. Чезаре ги искористил лошите односи помеѓу Фиренца и Пјомбино, напаѓајќи го споменатиот последен град. Додека неговите кондотиери го опсадувале на Пјомбино (која завршила во 1502 година), Чезаре ги командувал на француските војници во опсадите на Неапол и Капуа, бранети од Просперо и Фабрицио Колона. На 24 јуни 1501 година неговите трупи ја окупирале Капуа и го предизвикале колапсот на арагонската моќ во јужниот дел на Италија. Во јуни 1502 година, преку предавство, успеал да ги освои Урбино и Камерино. лево|150п|мини|Грбот на Чезаремини|десно|350п|Скица на Леонардо да Винчи, најверојатно на неа е претставен Чезаре Во овој период, Леонардо да Винчи интензивно се занимавал со геометрија и правeл математички експерименти. Во јуни 1502 г., во својство на архитект и воен инженер, Леонардо тргнал на повеќе патувања низ Средна и Горна Италија, заедно со Чезаре Борџија, при што изработил повеќе географски карти за потребите на неговите походи. Службата кај Чезаре Борџија била многу кратка и Леонардо се вратил во Фиренца на 5 март 1503 г.

Неговиот следен чекор бил опсадата на Болоња, но неговите кондотиери, особено Вителозо Вители и браќата Орсини запонале да коват заговор против Чезаре. Гуидобалто де Монтефелтро и Џовани Марија де Варано се вратиле Урбино и Камерино, а Фосомброне се побунил. Чезаровата популарен меѓу неговите поданици го отежнувале реализирањето на заговорот. Чезаре се сретнал со своите лојални генерали во Имола, каде што чекал да пропадне лабавата алијанса на своите непријатели. Чезаре ги повикал на помирување своите поранешни кондотиери и со измама успеал да ги зароби во Сенигалија каде наредил да ги ликвидираат, овој подвигот од страна на Паоло Гиовио бил оценет како "прекрасно залажување" Rendina, p. 250.. Според Макијавели:

Откако си го поврати угледот, не надевајќи се повеќе на Фрација, ниту на други сили од страна, за да не се изложува на нови ризици, тој пристапи кон измами. Умееше вешто да го прикрие својот вистински лик, така што семејството Орсини, преку својот претставник Паоло Орсини, склучи примирје со него. Војводата употреби разни средства за да го придобие Паоло, понудувајќи му пари, коњи и облека, така што, благодарение на нивната наивност ги намами сите во Синигајла, каде што беа наполно во негови раце. Откако ги уништи водачите и ги придоби кон себе нивните приврзаници, војводата си создаде солидни темели на својата моќ. Веќе владееше со целата област Ромања, заедно со војводството Урбино, а и населението на оваа област беше пријателски настроено кон него, откако почна да ги ужива благодетите на неговата власт.

Пад мини|лево|150п|Пиј IIIмини|десно|300п|Италија во 1494 г. Иако Чезаре бил неизмерно способен генерал и државник, имал проблеми околу одржувањето на својот домен без континуираното покровителство на својот татко. Николо Макијавели истакнува дека Чезаре на зависел на добрата волја на папството, кое било контрола на неговиот татко, и дека тоа била главна слабост на неговата власт, тврдејќи дека, ако Чезаре ја добиел наклонетоста на новиот папа, би бил успешен владетел. Чезаре веста за смрта на својот татко ја примил при подготвувањето на планот за освојување на Тоскана во 1503 година. Макијавели истакнува:

Што се однесува до освојувањата, имаше намера да стане господар на цела Тоскана, веќе владееше со Перуџа и Пјомбино, а и Пиза беше под неговата заштита. Со оглед на тоа што не мораше повеќе да се плаши од Французите (а не мораше затоа што нив Шпанците ги беа истерале од Неаполското кралство, така што сега и на едните и на другите им беше потребно неговото пријателство), тој се реши да ја нападне Пиза. По ова, Пиза и Сиена веднаш потклекнаа, делумно поради зависта на Фиренците, делумно од страв; но и за Фиренца веќе немаше спас. Доколку сето ова успееше (а тоа беше можно истата година кога умре Александар), војводата ќе се здобиеше со толкава моќ и таков углед, што ќе можеше самиот, со свои сили да се одржи на власта, и немаше повеќе да зависи од туѓи сили и туѓа среќа, туку само од сопствената спсобност и моќ. Но, Александар умре пет години откако син му го исука својот меч, и го напушти во времето кога едниствено Ромања беше цврсто под негова власт, а сите други држави висеа во воздухот; кога беше опкружен со две моќни непријателски војски, и самиот смртно болен.