Алехандро Валверде Белмонте (; р. во Лас Лумбрерас, Мурсија) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата . Најголемите победи на Валверде се случиле на Вуелта а Еспања во 2009, Критериум ди Дофине во 2008 и 2009, Трка околу Баскија во 2017, Волта а Каталуња во 2009, 2017 и 2018, Лиеж-Бастоњ-Лиеж во 2006, 2008, 2015 и 2017, Флеш Валон во 2006, 2014, 2015, 2016 и 2017, Класика де Сан Себастијан во 2008 и 2014, светската серија UCI ProTour 2006 и UCI ProTour 2008, Светските турнеи во 2014 и 2015 и друмската трка на Светското првенство 2018.

Вкупно, Валверде има 123 професионални победи. Пред неговата победа на Светското првенство, го држел рекордот на освоени медали на светските првенства – двапати го освоил сребрениот медал на светските првенства, во 2003 и 2005 година, како и бронзениот четири пати во 2006, 2012, 2013 и 2014. До 2019 година, Валверде завршил деветнаесет пати меѓу првите десет на големите трки. Валверде е еден од ретките, кој комбинира различни специјалности во друмскиот велосипедизам, станувајќи силен специјалист за искачување, спринтер и добар на хронометри.

По долгата судска битка бил суспендиран на две години како дел од истрагата Операција Пуерто, но се вратил на натпреварувањата во 2012 година, откако му завршила суспензијата. Сите негови резултати од 2010 година биле избришани, вклучувајќи ја и победата на Тур де Романди 2010 и не настапувал во 2011 година.

Животопис

Валверде доаѓа од велосипедско семејство, неговиот татко Хуан бил аматерски велосипедски возач и му купил велосипед, кога бил шестгодишен. Неговиот брат Хуан Франсиско исто така бил аматерски друмски велосипедист. Првата трка на Валверде била во Хумилја, во неговиот регион Мурсија, каде завршил втор. Следната недела ја освоил неговата втора трка во Јекла. Наводно тој освоил повеќе од педесет последователни победи помеѓу 11 и 13 години, заработувајќи го прекарот El Imbatido (Непобедениот).

Аматерска кариера

Поради неговите бројни победи, на Валверде му било понудено да вози за елитната аматерска екипа Банесто со седиште во Навара, малку оддалечена од неговиот дом во Мурсија. Можеби поради исцрпеноста од патувањето дома секој викенд, неговите резултати се влошиле додека бил со екипата.

Тој се преместил во професионалната екипа Келме и бил трениран од Франсиско Моја, кој му помогнал да стане подобар велосипедист. Келме исто така му ветиле дека ќе му дозволат да се премести во професионалната екипа, доколку покаже добри резултати. На крајот на првата сезона со аматерската екипа Келме, тие му понудиле да се премести во професионалната екипа.

Келме (2002–2004)

Валверде станал професионалец во 2002, кога потпишал договор со шпанската екипа , каде останал до крајот на сезоната 2004. Во текот на неговиот престој во Келме тој имал пробив на Вуелта а Еспања во 2003, каде освоил две етапи и завршил трет во генералниот пласма. Таа година, тој исто така ги освоил Вуелта а Мајорка и етапа на Вуелта ал Паис Васко и други шпански трки, како што се ГП Примавера и ГП Вилјафранка де Ордизија. Ја завршил сезоната со второ место на Светското друмско првенство 2003 зад Игор Астарлоа, откако победил во спринтот пред Петер ван Петегем и Паоло Бетини.

Во сезоната 2004, тој одлучил да остане во Келме и покрај финансиските проблеми на екипата и понудите од други екипи. Ги освоил Волта а ла Комунитат Валенсијана, Вуелта а Мурсија, етапи на Вуелта ал Паис Васко, Вуелта а Бургос и четвртото место на Вуелта а Еспања 2004. Иако освоил етапа на Вуелта, тој бил повреден во несреќа, па бил приморан да ги намали неговите амбиции за генералниот пласман. Исто така, учествувал на Летните олимписки игри.

Кес д’Епарњ

Валверде му се придружил на UCI ProTeam во 2005. Тој ја освоил последната етапа на Париз-Ница и завршил втор во генералниот пласман зад Боби Јулих. Исто така освоил и две етапи на Вуелта ал Паис Васко. На неговото прво појавување на Тур де Франс ја освоил 10. етапа од Тур де Франс пред Ленс Армстронг, кого го победил во спринтот во Куршевел на крајот од планинската етапа во Алпите. По 12. етапа, тој бил на петтото место во генералниот пласман, 3 минути и 16 секунди зад Ленс Армстронг. Исто така, тој водел во пласманот за млад возач (бела маичка), со 3 минути и 9 секунди пред колегата на Армстронг Јарослав Попович. Меѓутоа, Валверде бил приморан да се повлече од трката на 13-тата етапа, поради повреда на коленото. Валверде скоро се повратил на време за Светското велосипедско првенство UCI во Мадрид, Шпанија. Повредата на Оскар Фреир, кој бил капетан на шпанската репрезентација, го приморала да стане водач, и покрај тоа што имало само еден ден пред Светското првенство. Неверојатно, но тој бил способен да биде конкурентен и завршил втор зад победникот Том Бонен.

2006

Во 2006, Валверде освоил етапа на Вуелта ал Паис Васко, завршувајќи втор во генералниот пласман, истовремено освојувајќи го и бодовниот пласман. Потоа ги завршил престижните два пролетни класика, победувајќи на Флеш Валон и четири дена подоцна и на Лиеж-Бастоњ-Лиеж. Потоа, Валверде освоил етапа на Тур де Романди, завршувајќи трет во крајниот пласман. Валверде планирал предизвик на Тур де Франс 2006 и изјавил дека се надева на победа во иднина. Заминал во велосипедската фабрика Пинарело во Тревизо, Италија, да ги подобри неговите резултати во хронометрите. Всушност, тој започнал меѓу фаворитите на Тур де Франс по откажувањето на Јан Улрих и Иван Басо, поради истрага за допинг. Меѓутоа, на третата етапа на Тур де Франс 2006, Валверде имал несреќа и морал да го напушти Тур де Франс, поради фрактура на десната клучна коска. Неговата амбиција за победа на Гранд Тур се префрлила на Вуелта, подоцна истата година.

Валверте влегол на Вуелта 2006, како врвен фаворит. Откако не го возел целиот Тур де Франс, тој бил во подобра кондиција од некои други кандидати за победа: Меншов (бранителот на титулата) и Састре, обајцата завршиле во првите 10 на Тур де Франс 2006 и било очекувано дека ќе имаат одреден замор. Валверде ја освоил седмата етапа и доминирал на планинските етапи, заработувајќи ја златната маичка по деветтата етапа. Меѓутоа, Валверде ја загубил маичката, поради агресивното искачување и напаѓање од Александар Винокуров. Во последниот хронометар, Валверде повторно изгубил време од Винокуров и морал да се задоволи со второто место во генералниот пласман, неговиот втор подиум на Гранд Тур. По неговото импресивно издание на Вуелта, Валверде не освоил ниедна друга поголема титула, победувајќи на UCI ProTour 2006 со неколку големи трки останати на календарот, но неговото водство било недостижно. На Светското првенство 2006, Валверде бил сметан за еден од фаворитите за титулата. Иако тој не победил, сепак го освоил третото место, т.е. бронзениот медал.

2007

Ја започнал 2007 со освојување на генералните пласмани на Волта а ла Комунитат Валенсијана и Вуелта а Мурсија. На четвртата етапа од Вуелта а Мурсија, Валверде го освоил неговиот прв поединечен хронометар. Исто така завршил трет на Критериум Интернационал и петти на Вуелта ал Паис Васко. На Арденските класици, го зазел второто место на обете Флеш Валон и Лиеж-Бастоњ-Лиеж, не успевајќи да го повтори успехот од сезоната 2006. На Тур де Франс 2007, Валверде бил гледан како еден од фаворитите за жолтата маичка, сè до катастрофалниот поединечен хронометар, кој ги уништил неговите шанси за борба за генералниот пласман. Сепак завршил шести во генералниот пласман, доцнејќи 11 минути, така завршувајќи го неговиот прв Тур де Франс, откако не успеал да ја заврши трката во 2005 и 2006. Тој одлучил да не учествува на Вуелта а Еспања, со цел да се подготви за Светското друмско првенство. На 29 август 2007, UCI објавил дека Валверде не смее да се натпреварува на Светското друмско првенство во Штутгарт, поради неговите можни дејствија во истрагата за допинг „Операција Пуерто“ за да ја заштити атмосферата и угледот на светските првенства. UCI, исто така, ја повикал Шпанската велосипедска федерација (RFEC) да отвори дисциплинарна постапка против возачот, но RFEC одбила да го прифати барањето на UCI, велејќи дека нема нов доказ против него. RFEC, исто така, го вклучила Валверде во нејзината екипа за Светските првенства. Предметот бил разгледуван од Арбитражниот суд за спорт, кој дозволил учество на Валверде на Светското друмско првенство.

2008

250п|мини|десно|Валверде носејќи ја бодовната маичка на деветтата етапа на Вуелта а Еспања 2008.

Во 2008, Валверде покажал силна форма во пролетта. По освојувањето на Вуелта а Мурсија, Валверде бил фокусиран на тренирањето. Ја објавил неговата подготвеност со завршувањето на подиум во Класика Примавера и триумфот на Париз-Камамбер. Овие успеси ги предвиделе извонредните резултати на Арденските класици: подиум на Амстел Голд Рејс и победа на Лиеж-Бастоњ-Лиеж. Валверде исто така го освоил и Критериум ди Дофине Либере 2008 и шпанското национално друмско првенство во јуни. На 5 јули, Валверде ја освоил првата етапа на Тур де Франс 2008. Неговата форма попуштила на Пиринеите и откако паднал на Кол де Турмале, така губејќи 5 минути и 52 секунди од етапниот победник Леонардо Пиеполи, губејќи ја надежта за завршување на подиумот. Тој се покажал подобро на Алпите и се надевал на завршувањето во првите десет. На Алп д‘Ез се покажало дека работел заедно со Тим ЦСЦ со цел да го елиминира Кедел Еванс. По Тур де Франс, извојувал силна победа на Класика де Сан Себастијан 2008, водејќи во спринтот и држејќи ги на растојание Александар Колобнев и Давиде Ребелин. Подоцна, на Вуелта а Еспања 2008, започнал силно, освојувајќи ја втората етапа и носејќи ја маичката за генерален пласман на третата. Првата недела бил на главните позиции. Меѓутоа, загубил околу две минути на многу влажната етапа до Саунсес и ги изгубил шансите за подиум. Меѓутоа, завршил на четвртото место со извонредни резултати, вклучувајќи го и возењето на Англиру, каде единствено бил надминат од Алберто Контадор и потоа со добар резултат на планинскиот хронометар. Пред учеството на Светското друмско првенство во Варезе, тој бил математички прогласен за победник на UCI ProTour 2008, со што ја освоил втората победа во четирите изданија на натпреварувањето.

2009

Валверде ја започнал 2009 во добра форма со освојување на бодовниот и планинкиот пласман на Вуелта а Кастиља и Леон, каде завршил деветти со две етапни победи. Не можел да ги повтори неговите успеси во последните неколку години во пролетните класици, па така завршил седми на Флеш Валон. Тој ги освоил Класика Примавера и Волта а Каталуња, со што ги оставил оние разочарувања позади него. За заканата да не се трка на Тур де Франс, која висела над него, тој се натпреварувал на Критериум ди Дофине Либере надевајќи се да ја докаже неговата вредност. Тој постојано низ двата хронометри останал во врска со водачите на трката, пред да заврши втор на Мон Венто, каде и го презел водството во генералниот пласман. Иако, Кедел Еванс постојано го напаѓал него во последните денови, тој останал да води, со помошта на неговиот сонародник Алберто Контадор, да ја зачува жолтата маичка. Врз основа на овие успеси, тој ја обжалил неговата забрана од италијанските власти пред Арбитражниот суд за спорт во надеж за тркање на Тур де Франс. На 20 септември 2009, Валверде ја освоил првата победа во генералниот пласман на Вуелта а Еспања 2009.

2010

Сите резултати од 2010 биле повлечени, поради неговото суспендирање.

2012

мини|250п|десно|Валверде на етапата 9 на Тур де Франс 2012