Грима () — град во сојузната покраина Саксонија, Германија на левиот брег на реката Мулде, 25 километри југоисточно од Лајпциг. Основан во 1170 година и моментално е дел од округот Лајпциг.

Местоположба

Градот е во северна Саксонија, 25 километри југоисточно од Лајпциг и 16 километри јужно од Вурцен во долината на реката Мулде. Реката го поплавила Грима во 2002, предизвикувајќи штета на куќите и зградите во стариот дел на градот. Стариот мост Пепелманбрик бил однесен од реката.

мини|Уништениот Пепелманбрик

Градски единици

Гросбардау (припоено кон Грима во јануари 2006) Дебен Хонштет Хефген Бајерсдорф Кадич Шкортиц Наундорф Нојниц Грехвиц Дорна Клајнбардау (припоено кон Грима јануари 2006) Бернбрух (припоено кон Грима јануари 2006) Валдбардау (припоено кон Грима јануари 2006) Нерхау (припоено кон Грима јануари 2011) Тимлицвалде (припоено кон Грима јануари 2011) Гросботен (припоено кон Грима јануари 2011) Мучен (припоено кон Грима на 1 јануари 2012)

Историја

Грима е од лужичкосрпско потекло и првпат бил документиран во 1065 година. Грофовите од Мајсен и изборните кнезови од Саксонија често престојувале во замокот во градот.

Култура

Грима бил место на многу историски структури, вклучувајќи ја зградата на градското собрание, кое потекнува од 1442, познатото училиште (Fürstenschule) подигнато на местото на поранешен августински манастир во 1550 училиштето за пиво.

Наводи

Галерија

Категорија:Лајпциг (округ)