Е3 Саксо Банк Класик (во минатото позната како Е3 БинкБенк Класик, Е3 Харелбеке, Харелбеке-Антверпен-Харелбеке и Е3-Прејс Вландерен) — годишна велосипедска трка во Фландрија, Белгија. Трката започнува и завршува во Харелбеке на околу 210 километри. Настанот е организиран од велосипедскиот клуб Ханд од Харелбеке и е влезен во календарот на Светската турнеја.

Е3 се одржува во средината на мартр и го обележува почетокот на „Фландриската велосипедска недела“ (Vlaamse Wielerweek), која продолжува со Брабант Пејл во неделата и етапната трка Три дена Де Пане во средината на неделата пред да се одржи класикот Трка околу Фландрија следната недела. До 2011, трката била одржувана во сабота; кога трката станал дел од Светската турнеја во 2012, трката била преместена во петок, за да им се даде ден одмор помеѓу трката Е3 и трката Гент-Вевелгем, која се одржува во недела.

Историја

Првиот Е3 БинкБенк Класик се одржал во 1958, иако имало слични настани во областа од 1955. Во почетокот, настанот бил Харелбеке-Анверс-Харелбеке. Исто така бил познат како ГП Е3 БинкБенк Класик. Трката го добила нејзиното име од автопатот Е3 (сега А14), изграден во средина на шеесеттите години. Од 54. издание во 2011, зборот „Награда“ (Prijs) бил отстранет од името и велосипедската трка сега е позната како Е3 БинкБенк Класик.

Тек

Класикот Е3 е подготовка за Трката околу Фландрија. Рутата е пократка, но многу од ридовите се возат. Условите, исто така, можат да се споредат, како калдрмата, ветерот и искачувањето десетици ридови. Трката прави голем круг околу Источна Фландрија, вклучувајќи 12 ридови. Некои возачи, дури ја претпочитаат оваа трка од тактичната, но попрестижната Трка околу Фландрија.

Трката започнува од Гроте Маркт во Харелбеке и патува на исток, првите 110 километри низ низини, но на калдрма околу Ауденарде и Зотегем. Возачите ја достигнуваат најисточната точка кај Нинове по 85 километри и свртува кон запад и минува низ Герадсберген и Бракел, тешкиот дел започнува со последователно кратки, но остри ридови, некои од нив со калдрма, како најголеми јамки на трката помеѓу Ронсе и Ауденарде.

Дванаесетте ридови по ред се Ла Хуп, Берг Стене, Боањеберг, Ајкенберг, Статионсберг, Тајенберг, Ауде Крујкенс, Капелберг, Патерсберг, Ауде Кваремон, Кноктеберг и Тигемберг. Патерсберг е искачување од 500 метри со калдрма со просечен наклон од 12,5%, додека Ауде Кваремон е 1.500 метри со калдрма од неговите 2.200 метри, иако нејзиниот просечен наклон е 4,2 %. Тигемберг е 16 километри од крајот.

Рекорди

Белгискиот велосипедист Том Бонен го држи рекордот за најмногу победи на трката со пет победи, постигнувајќи ги во 2004, 2005, 2006, 2007 и 2012. Рик ван Лој ја освоил трката четири пати во 1964, 1965, 1966 и 1969, а Холанѓанецот Јан Рас зел три последователни победи помеѓу 1979 и 1981, откако завршил втор во 1978. Андреј Чмил, Јохан Музеув и Фабијан Канчелара ја имаат освоено трката по двапати. Најбрзата трка била во 2003, кога Холанѓанецот Стивен де Јонг ја освоил со 45,9 км/ч.

Минати победници

Повеќекратни победници

Победи Возач Изданија 5 2004, 2005, 2006, 2007, 2012 4 1964, 1965, 1966, 1969 3 1979, 1980, 1981 2010, 2011, 2013 2 1987, 1989 1992, 1998 1994, 2001 2022, 2023

Победи по земја

Победи Држава 41 6 4 3 2 , 1 , , , , , , ,

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Велосипедски трки во Белгија Категорија:Европска турнеја на UCI Категорија:Фландрија Категорија:Светска турнеја на UCI Категорија:Трки од Европската турнеја на UCI