Еспенхајн () — село и поранешна општина во округот Лајпциг, во Саксонија, Германија. На 1 август 2015 година била споена кон градот Рета.

Сончева централа

Сончевата централа Еспенхајн Лајпциг се наоѓа во општината. Оваа централа е фотоволтажна елетрична централа. Таа е партнерски проект на развојните компании од Берлин Геосол и Шел. Електричната централа била отворена на 8 септември 2004 и тогаш била една од најголемите од тој вид во Европа.

Категорија:Лајпциг (округ) Категорија:Поранешни општини во Саксонија