Стилијан Аљошев Петров (; роден 5 јули 1979) — поранешен бугарски фудбалер, .
Кариерата ја започнал во екипата на Монтана, а како професионалец играл за три клуба: ЦСКА Софија (1996-1999), Селтик (1999-2006) и Астон Вила (2006-2013). Во 2003 година додека играл за Селтик бил избран за Бугарски фудбалер на годината.
Во март 2012, на Петров му била дијагностицирана акутна леукемија поради која морал да ја прекине привремено својата кариера. Бугарија: „Ќе победиш, капитену!“ e, Global Voices на македонски, проверено на 1 април 2012. На почетокот на натпреварот на Астон Вила против Челзи, во 19 минута се одржал едноминутен аплауз, посветен на бројот 19 на неговиот дрес. Според изјавата на неговиот претставник Стивен Хјуз за Скај спортс, тој немал намера да се повлече од фудбалот. Stiliyan Petrov 'not quitting' as fans join for 19th minute round of applause , Метро, проверено на 1 април 2012. Во јули 2016 година, за првпат после болеста повторно заиграл за Астон Вила во пријателскиот претсезонски натпревар против австрискиот ГАК во победата со 8-0. Сепак, на 22 август 2016, тој го објавил своето повлекување од фудбалот откако не успеал да пронајде договор за продолжување на соработката со Астон Вила.Ufficiale, Petrov si ritira dal calcio: nessun accordo con l'Aston Villa, foxsports.it, 22 август 2016.
За бугарската репрезентација (1998-2012) одиграл вкупно 105 натпревари и постигнал 8 голови. Со неа учествувал на Европското првенство во 2004 кога бил и капитен на репрезентацијата.
Титули ЦСКА Софија Бугарско првенство : 1 1996-1997. Куп на Бугарија : 2 1996-1997, 1998-1999.
Селтик Шкотско првенство : 4 2000-2001, 2001-2002, 2003-2004, 2005-2006. Куп на Шкотска : 3 2000-2001, 2003-2004, 2004-2005. Лига куп на Шкотска : 3 1999-2000, 2000-2001, 2005-2006. Куп на УЕФА : Финалист : 2003.
Астон Вила Лига куп на Англија : Финалист : 2010.
Поединечни награди ПФА Најдобар млад играч на годината во Шкотска : 2001. Играч на годината на Селтик : 2005. Играч на годината на Астон Вила избран од страна на играчите : 2009, 2012. Играч на годината на Астон Вила избран од страна на навивачите : 2009. Бугаски фудбалер на годината : 2003.
Наводи
Надворешни врски
Профил на официјална страница на Астон Вила Профил и статистики на FootballDatabase Профил на Стилијан Петров на Carling
Категорија:Живи луѓе Категорија:Бугарски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Астон Вила Категорија:Фудбалери на ФК Селтик Категорија:Фудбалери на ПФК ЦСКА (Софија) Категорија:Фудбалери на ПФК Монтана Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Родени во 1979 година