Вурцен () — град во округот Лајпциг, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Мулде, 25 километри источно од Лајпциг. Има катедрала, која потекнува од век, замок, некогашна резиденција на бискупите од Мајсен и подоцна користен како суд, неколку школи, земјоделска школа и како полициска станица со затвор.
Основан по 600 година од Словените, Вурцен за првпат е споменат во документ за дарување од Отон I во 961 како „Burgward“ civitas vurcine. Станал град во раниот век, кога бискупот од Мајсен ја основал соборната црква тука. Во 1581 година преминал во Изборното кнежевство Саксонија. Во текот на Триесетгодишната војна (1637) бил опколен од шведската армија и за малку целосно запален.
Во 1768, Гете патувал од Лајпциг до Дрезден и назад низ Вурцен. Долгото чекање за фериботот го инспирирало за преминот во неговото прво издание на Faust.
На 31 јули 1838 година Вурцен бил поврзан со првата железница на долги одредишта (Лајпциг-Дрезден, отворена 7 април 1839). Така, првиот железнички мост во Германија бил изградена над реката Мулде.
Меѓународни односи
Вурцен е збратимен со следниве градови:
Барзингхаузен, Германија Варштајн,Германија Тамаси, Унгарија
Главни знаменитости
Соборна црква Св. Богородица (катедрала, осветена 1114) Лутеранска црква Св. Венцеслав (/ век) Католичка црква Исусово Срце (осветена 1902) Замок Вурцен (од 1497 до 1581 повремено резиденција на бискупот на Дрезден-Мајсен, пример за доцна готска архитектура) Куќа Лосов (историско-културен музеј) Родната куќа на баснописецот Магнус Готфрид Лихтвер на плоштадот Катедрла ( век) Поранешна пошта од Електоратот Саксонија со амблем на портата (1734) Класично градско собрание (по пожарот 1803). Денес библиотека и галерија на градот.
Познати жители
Кристина Дерфер (родена 1984) — пејачка и глумица Вилхелм Фишер (1796–1884) — саксонски рударски инспектор Фриц Гајслер (1921–1984) — композитор, најпознат симфониски музичар во ГДР Херман Илген (1856–1940) — аптекар и претприемач Магнус Готфрид Лихтвер (1719–1783) — правник и еден од најважните германски баснописци Јоаким Рингелнац (1883–1934) — автор и сликар Ото Георг Тирак (1889–1946) — претседател на Народниот суд од 1936 до 1942 и последен министер за правда во Третиот Рајх Теофор Улиг (1822–1853) — музичар, текстописец и композитор Зигфрид Хорн (1908–1993) — археолог Бернд Вагнер (роден 1948) — автор
Наводи
Надворешни врски
Службена страница на градот Вурцен Вурцен на стари поштенски карти Историја за замокот Вурцен
Категорија:Лајпциг (округ)