Шеоба — село во Општина Неготино. Денес нема жители.

Географија и местоположба Шеоба се наоѓа во Тиквешијата, на јужното подножје на Конечка Планина (Серта), северно од патот Неготино - Струмица (Р1103). Лежи на надморска височина од 300 м, а атарот зафаќа површина од .

Историја Во XIX век Шеоба било турско село во Штипската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Шех Оба имала 215 жители, сите Турци.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена ја покажува Шеоба (Šeoba) како турско село.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Власи.

Население

Во првите децении на XX век населението стрмоглаво опаднало, сведувајќи се на 39 лица во 1948 г. Во текот на наредните години во Шеоба останале неколку жители, а во 1961 г. останале само двајца, кои не се изјасниле за нивната етничка припадност.Шеоба — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) Во текот на 1960-тите селото е сосема напуштено. Според пописот од 2002 година, Шеоба немала ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Неготински села Категорија:Села во Општина Неготино Категорија:Раселени села во Македонија