Зоран Младеновски - Окан (, - , ) бил еминентен македонски режисер и продуцент.

Животопис Младеновски е роден на 15 февруари 1951 година во Скопје. Со аматерски филм почнал да се занимава уште во текот на средношколксите денови. Неговиот прв аматерски филм бил „Малиот детектив“, а потоа ги снимил „Студија“, „Овој наки ваш ли е?“, „Нирвана“, „И потоа“ и други. Од 1966 година Младеновски работи како слободен филмски работник. Во 1972 година заминал на едногодишна специјализација во француската кинотека и телевизија во Париз. Повеќе од дваесет години бил дел од екипата на продуцентската куќа „Вардар филм“. Помеѓу неговите најпознати филмски наслови се „Исправи се, Делфина“, „Викенд на мртовци“ и „Збогум на 20 век“ каде работел како помошник на режија. Дел од неговот творештво се и филмовите „Време, води“,„Најдолгиот пат“,„Виновник“,„Светлосиво / Ѓавол во срцето“ и др. Починал во Скопје на 3 април 2012 година.

Филмографија 1967: Луѓе и фасади (Режија, Снимател) 1971: Жед (Асистент на режија) 1971: Придружници (Асистент на режија) 1972: Истрел (Асистент на режија) 1975: Јад (Асистент на режија) 1976: Amen Siam But Roma (Асистент на режија) 1976: Најдолгиот пат (Асистент на режија) 1977: Исправи се, Делфина (Помошник на режија) 1977: Фаулбал (Режија) 1978: Побрзај, полека (Режија, Сценарио) 1980: Време, води (Асистент на режија) 1980: Оловна бригада (Помошник на режија) 1982: Јужна патека (Помошник на режија) 1982: Опасноста се заканува (Режија, Сценарио) 1983: Виновник (Режија) 1983: Пат за умор (Режија, Сценарио) 1985: Јазол (Асистент на режија) 1985: Опасна баба (Помошник на режија) 1987: Хај-фај (Помошник на режија) 1988: Викенд на мртовци (Помошник на режија) 1989: Нерези (Режија) 1989: Оплакување Христово (Режија) 1989: Успение (Режија) 1993: Светлосиво / Ѓавол во срцето (Асистент на режија) 1997: Преку езерото (Асистент на режија) 1998: Збогум на 20 век (Асистент на режија)

Останати филмови 1985 ПЕЦКО-БЛАБЛАТОРИ, БЛАБЛАТОРИ, соработник, анимиран, Вардар филм 1986 ФИЛМ ОД ХАРТИЈА, организатор, анимиран, Вардар филм 1994 ПРЕД ДОЖДОТ, соработник, игран, Полиграм, Аим Продуkтион, Ное Продуkтион, Вардар филм

Наводи

Категорија:Македонски режисери Категорија:Македонски продуценти Категорија:Луѓе од Скопје