Отворена самогласка е самогласка чиј звук се создава со јазикот што подалеку од горниот дел на устата. Ваквите самогласки понекогаш се нарекуваат и ниски самогласки поради тоа што јазикот се држи ниско кога се изговараат. Во македонскиот јазик единствена ниска самогласка е а. Според Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве отворени самогласки:

отворена предна незаоблена самогласка (мак. а) отворена предна заоблена самогласка <ref>Оваа самогласка не се јавува како посебна фонема на во ниеден јазик.</small></ref> отворена средна незаоблена самогласка отворена задна незаоблена самогласка отворена задна заоблена самогласка

Во контекст на фонологијата на извесен јазик, ниска самогласка е секоја самогласка што е поотворена од средна. Ова значи дека полуотворените, речиси отворените и отворените самогласки можат групно да се сметаат за ниски самогласки.

Отворените самогласки се среќаваат во речиси сите јазици (исклучок е арапахо).

Наводи