Василиј Анкирски е христијански светец од 4 век.
Во времето на Констанциј II бил под голем притисок од страна на аријанците. Во времето на Јулијан Отпадник започнало гонењето на христијаните, Василиј бил фрлен во самица. Па кога царот Јулијан дошол во Анкира, Василиј бил изведен пред царот и царот почнал да го наговара да се откаже од верата. Тогаш Василиј му одговорил на царот: “Јас Му верувам на мојот Христос, од Кого ти си се одрекол и Кој тебе ти го даде ова земно царство, но тоа наскоро ќе ти биде и одземено. Зарем не ти e срам од олтарот под кој се спаси од смртта како осумгодишно дете кога бараа да те убијат?... Затоа наскоро ќе ти се одземе ова времено царство и телото твое нема да биде погребано кога ќе ја испуштиш душата во остри маки”. Починал во 363 година„Охридски пролог“ стр. 119.
Православната црква неговиот ден го чествува на 22 март.
Наводи
Категорија:Луѓе од Анкара Категорија:Епископи од 4 век Категорија:Римјани од 4 век Категорија:Христијански светци од 4 век Категорија:Починати во 362 година