Свети Мина — поранешна црква во Скопје. Се наоѓала до соборната црква „Света Богородица”.
Историја Црквата била изградена во 1902 година под влијание на грчката (односно влашката) и српската пропаганда и која за време на Првата светска војна била претворена во коњска штала. На идеја на Митрополитот скопски Јосиф и директорот на банката „Вардар“, Милан Јовановиќ-Стојмировиќ, биле урнати двете кули на црквата. Во 1935 година била обновена и претворена во Црковен музеј на Скопската епархија. Имала 250 м2 корисна површина и во неа требало да бидат чувани икони, фрески и друго.Црковни музеј у Скопљу већ је скоро довршен, “Вардар” 9 декември 1935, 2. Целосно настрадала во земјотресот во 1963 година. Оваа црква за МПЦ-ОА е значајна, бидејќи во неа е донесена Одлуката за самостојност на МПЦ - потврдена преку отслужувањето на заедничка архијерејска литургија со српскиот патријарх Герман, на 19 јули 1959 година и истовремено била извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент (Трајков). Во 2008 година, постоела иницијатива да биде возобновена црквата, или евентуално целиот комплекс како музеј.
Наводи
Скопје Категорија:Поранешни цркви во Македонија Категорија:Згради и градби завршени во 1902 година Категорија:Згради и градби срушени во 1963 година Категорија:Појавено во 1902 година во Македонија Категорија:Појавено во 1902 година во Отоманското Царство Категорија:Престаноци во 1963 година во Македонија Категорија:Престаноци во 1963 година во Југославија