Енравота — христијански светец од 9 век.
Енравота бил најстариот син на хан Омуртаг. Според изорите дадени од охридскиот архиепископ Теофилакт Охридски„Българските ханове и царе VII-XIV век“ — Йордан Андреев, Държавно издателство „Д-р Петър Берон“, 1988 г., с.44-45, Енравота паднал под влијание на заробениот византиски епископ Кинам и прифатил од него христијанското крштевање под името Бојан. Поради неговата поддршка кон христијанството, тој бил лишен од правото на престолонаследник од својот татко Омуртаг. По смртта на Омуртаг на бугарскиот престол се качил третиот син Маламир (вториот син Звиница веројатно бил починат), во чија лојалност кон татковинските богови Омуртаг не се сомневал.
Според Теофилакт, Енравота го помолил својот брат да му го даде византискиот заробеник Кинам, кој бил во затвор по наредба на Омуртаг, поради одбивањето да се одрече од христијанството, на кое Маламир позитивно му одговорил. Кога сепак дознал дека Енравота станал христијанин по предлогот на Кинам, бугарскиот хан ова го протолкувал како предавство кон старите традиции и го повикал својот брат и му наредил да се откаже од својата нова вера, на кое Енравота му одговорил:
Откако го чул ова неговиот брат, веднаш дал заповед да биде исечен со меч. Пред да биде погубен, Енравота ги кажал следните зборови:
Енравота бил канонизиран како Светиот маченик Бојан-Енравота, кнез БугарскиЖитие на Св. мъченик Боян–Енравота, княз Български.
Наводи
Надворешни врски Св. мъченик Боян – Енравота, княз Български Васил Златарски: История на българската държава през средните векове. Том I.; Том II.
Категорија:Христијански маченици од 9 век Категорија:Христијански светци од 9 век Категорија:Бугарски светци Категорија:Православни светци