Јона Московски — христијански светец од XV век. Во периодот од 1448 до 1461 бил Митрополит на Киев и цела Русија.
Роден е во Костромската област. Во 12 година станал инок и долго поживеал во Симоновиот манастир во Москва. Во времето на митрополитот Фотиј станал епископ Рјазањски, а кога Фотиј умрел, Јона го избралe за митрополит и го испратилe во Цариград при патријархот на посветувањe и утврдувањe. Во тоа Исидор Киевски, го предитрил Јона, стигнал пред него во Цариград и бил посветен за Руски митрополит. Јона се вратил на својата столица во Рјазањ.
Отишол на Фирентинскиот собор и дури по три години се вратил во Москва. Кога се вратил во Москва тој бил прогонет. Не се знаe кадe го завршил својот живот. На митрополитскиот престол дошол Јона.
Според христијаните кога Агарјаните ја опколилe Москва, Јона со својата молитва ги изгонил. Во староста посакал да го снајдe некаква болест да се помачи и со маките потполно да се исчисти пред да почине. Според неговата молитва, Бог му допуштил рана на ногата, како што претходно му се јавил во видениe и на некој ереј Јаков. Починал на 31 март 1461 година„Охридски пролог“ стр. 133.
Неговите мошти се наоѓаат во Успенскиот собор во Московскиот Кремљ.
Православната црква неговиот ден го чествува на 31 март.
Наводи
Категорија:Христијански светци од 15 век Категорија:Православни светци Категорија:Московски патријарси Категорија:Митрополити на Киев и цела Русија Категорија:Руски светци Категорија:Родени во непозната година Категорија:Чудотворци