Лука Модриќ (хрватски: Luka Modrić, во ) — хрватски фудбалер, играч од средниот ред на Милан и на хрватската репрезентација.

Кариера Клупска кариера Фудбалската кариера ја започнал во младите категории на фудбалскиот клуб Задар, а во 2000 година се преселил во Динамо каде, преку позајмиците во Зрињски од Мостар и Интер од Запрешиќ, се изборил за место во првите единаесет на загрепските сини. Со Динамо освоил три титули по ред државен првак во 2006, 2007 и 2008 и две титули победник на Купот на Хрватска во 2007 и 2008 година. На тоа придодал и еден освоен Суперкуп во 2006 година. Исто така тој бил добитник на наградата Спортски новости за најдобар играч на Првата Хрватска фудбалска лига, која му била доделена во 2008 година. Добитник бил и на наградата за најголема надеж на хрватскиот фудбал која му била доделена на 21 декември 2004 од страна на весникот Вечерњи лист.

На 15 мај 2008, Модриќ потпишал за англискиот премиерлигаш Тотенхем за сума од 16,5 милиони фунти, со што го изедначил рекордниот износ на трансфер-сума која оваа екипа ја има платено за еден играч, претходно тоа бил напаѓачот Дарен Бент. Иако веднаш по доаѓањето во клубот од Лондон не ги покажал своите квалитети и не играл толку добро, по смената на менаџерската позиција и доаѓањето на Хари Реднап, Модриќ станал клучен играч за својата екипа и постојан стартер во почетната постава на „Петлите“. Првиот значаен успех со лондонскиот клуб го направил веќе во својата прва сезона кога Тотенхем стигнал до финалето на Лига купот, но таму загубиле на пенали од Челси.

На 27 август 2012, се преселил во Реал Мадрид за 30 милиони фунти, потпишувајќи петгодишен договор со „Кралскиот клуб“. Своето деби го направил во реваншот од Суперкупот на Шпанија против Барселона, влегувајќи во 83-тата минута на местото на Месут Езил. Реал Мадрид го освоил Суперкупот, а Модриќ го освоил својот прв трофеј со новиот клуб, само 36 часа по потпишувањето на договорот.

Репрезентативна кариера За хрватската фудбалска репрезентација настапил на Светското првенство 2006-тата во Германија и на Европското 2008 година во Австрија и Швајцарија. Со одличнитe игри во националниот дрес го заслужува епитетот за најважен игра на селекторот Славен Билиќ.

Титули Динамо Загреб Прва ХНЛ (3) : 2005-06, 2006-2007 , 2007-2008 Хрватски Куп (2) : 2007, 2008 Суперкуп на Хрватска (1) : 2006

Реал Мадрид Лига на шампиони (2) : 2013-2014, 2015-2016 2017-2018 2018-2019 2021-2022 Суперкуп на УЕФА (1) : 2014 Светско клупско првенство (1) : 2014 Куп на Шпанија (1) : 2013-2014 Суперкуп на Шпанија (1) : 2012

Надворешни врски Официјална страница на Тотенхем Хотспар – профил на Лука Модриќ Лука Модриќ на soccerway

Категорија:Фудбалери на ФК Динамо Загреб Категорија:Фудбалери на ФК Тотенхем Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Хрватски фудбалери Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2006 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026