Црква „Св. Петар и Павле“ - Тресонче — најстара и главна селска црква во дебарското село Тресонче. Се наоѓа сретсело, па претставува главен православен храм во селото. Црквата претставува пример на типична селска црква која со својата големина ги задоволувала потребите на верниците.

Историја

Соѕидана е во 1844 година по една голема пауза при градењето (најверојатно од околу десетина години), односно додека ктиторот Сарџо Брадиноски бил на заточение во Призрен. Храмот е добро сочуван и повремено служи и за вршење литургии (на Петровден). По содржина црквата претставува најосновен облик на христијанска трикорабна бескуполна базилика.

Грабежи

Во април 2012 година во црквата е извршена кражба при што биле украни два сребрени крста, позлатено Евангелие и околу седум илјади денари.

Во февруари 2013 година се случил најголемиот грабеж на црквата, кога биле одземени пет големи и 27 мали икони, дела на тресонечките зографи, оставајќи ја црквата без своето највредно богатство.

Галерија

Поврзано Црква „Св. Никола“ Црква „Св. Петка“ Црква „Св. Јован Крстител“ Дебарско-реканска парохија Тресонче

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Тресонче Тресонче Категорија:Дела на Дебарската школа