НБА Плејофот 2012 е постсезонско натпреварување во Националната Кошаркарска Асоцијација во сезоната 2011-12. Плејофот ќе започне на 28 април 2012.
Со исклучок на Лос Анџелес Клиперс и Јута Џез, во плејофот ќе настапат истите тимови од минатогодишниот плејоф; сите 8 тимови од Источната Конференција настапија во плејофот и минатата сезона. Клиперс се вратија во плејофот за првпат после 5 години пауза, додека Џез стигнаа до плејофот по петти пат во последните 6 сезони, и за првпат без Џери Слоун како тренер од 1988.
Како што беше случај и минатата сезона, и Чикаго Булс и Сан Антонио Спарс завршија на врвот на нивната конференција, со тоа што Булс повторно обезбедија најдобар учинок во сезоната на последниот дел од регуларната сезона. Индијана Пејсерс ќе го отвори плејофот на домашен терен за првпат од 2004, додека Мемфис Гризлис ќе имаат предност на домашен терен за првпат во нивната тимска историја. За четврти пат после 2006 дивизискиот победник (во овој случај шампионот од Атлантската Дивизија, Бостон Селтикс) ќе го отворат плејофот на гостински терен.
Формат
3 победници од дивизиите и 5 други тимови со најмногу победи од секоја конференција се квалификуваат за плејофот. Носителите се одлучуваат според учинокот на секој тим во регуларниот дел од сезоната. Но како и да е, на победникот во дивизијата му е загарантирано најмалку четвртото место, без оглед на неговиот учинок.
Тај-брејк процедура
Критериуми според кои се одлучуваат носителите се:
Водачот во дивизијата победува против тим кој не води во дивизијата Меѓусебни двобои Учинок во дивизијата (ако тимовите се од иста дивизија) Учинок во конференцијата Учинок против плејоф тимовите, нивната конференција (најдобрите 8 од конференцијата исток/запад) Учинок против плејоф тимовите, другата конференција (најдобрите 8 од конференцијата исток/запад) Кош разлика, сите натпревари
Ако има повеќе од два тима кои се изедначени, тимот кој победува во тај-брејкот добива највисоко места, додека тај-брејкот за другите тимови започнува од првиот чекор, така сè додека да се одлучат сите носители. Бидејќи трите победници во дивизиите имаат гарантирано место во првите четири, првин мора да се реши тај-брејкот кој ќе го одлучи победникот во дивизијата, пред да започнат другите тај-брејкови.
Плејоф квалификанти Источна Конференција Носител Тим Победи ОсигураноПлејоф место Дивизиска титула Најдобар учинок во Конференцијата Најдобар учинок во НБА 1 Чикаго Булс 50-16 март 24 април 12 април 24 април 26 2 Мајами Хит 46-20 април 3 април 15 — — 3 Индијана Пејсерс 42-24 април 13 — — — 4 Бостон Селтикс 39-27 април 14 април 18 — — 5 Атланта Хокс 40-26 април 16 — — — 6 Орландо Меџик 37-29 април 15 — — — 7/8 Њујорк Никс 36-30 април 19 — — — 7/8 Филаделфија Сиксерс 35-31 април 23 — — — — = Не е возможно
Западна Конференција Носител Тим Победи ОсигураноПлејоф место Дивизиска титула Најдобар учинок во Конференцијата Најдобар учинок во НБА 1 Сан Антонио Спарс 50-16 април 8 април 14 април 23 — 2 Оклахома Сити Тандер 47-19 април 1 април 7 — — 3 Лос Анџелес Лејкерс 41-25 април 13 — — 4 Мемфис Гризлис 41-25 април 18 — — — 5 Лос Анџелес Клиперс 40-26 април 16 — — 6 Денвер Нагетс 38-28 април 21 — — — 7 Далас Маверикс 36-30 април 19 — — — 8 Јута Џез 36-30 април 24 — — — — = Не е возможно
НБА Плеј-оф
Тимови со задебелени букви продолжуваат во наредната рунда. Броевите лево од секој тим го означуваат местото на носител во неговата конференција, а броевите десно од секој тим го означуваат бројот на натпревари кои тимоти ги победил во таа рунда. Победниците во дивизиите се означени со ѕвездичка. Предноста на домашен терен во НБА Финалето не секогаш му припаѓа на тимот со повисок број на носител, туку на тимот со подобар учинок во регуларниот дел од сезоната (на пример, 4тиот ностиел во Западната Конференција може да има подобар учинок во регуларниот дел од сезоната од 3тиот носител во Источната Конференција и затоа доколку тие два тима се сретнат во Финалето, тој ќе добие предност на домашен терен); Тимовите со предност на домашен терен се напишани со закосени букви.
Источна Конференција Сите времиња се во Источниот часовен појас (UTC−4) Прва Рунда
(1) Чикаго Булс vs. (8) Филаделдија 76ерс
Меѓусебни натпревари во регуларната сезона Чикаго победи со 2–1 во регуларната сезона:
Последно плејоф среќавање: 1991 Полуфинале на Источната Конференција (Чикаго победи со 4-1)
(2) Мајами Хит vs. (7) Њујорк Никс
Меѓусебни натпревари во регуларната сезона Мајами победи со 3–0 во регуларната сезона:
Последно плејоф среќавање: 2000 Полуфинале на Источната Конференција (Њујорк победи со 4-3)
(3) Индијана Пејсерс vs. (6) Орландо Меџик
Меѓусебни натпревари во регуларната сезона Орландо победи со 3–1 во регуларната сезона:
Последно плејоф среќавање: 1995 Финале на Источната Конференција (Орландо победи со 4-3)
(4) Бостон Селтикс vs. (5) Атланта Хокс
Меѓусебни натпревари во регуларната сезона Бостон победи со 2–1 во меѓусебни натпревари во регуларната сезона:
Последно плејоф среќавање: 2008 Прва Рунда во Источната Конференција (Бостон победи со 4–3)
Западна конференција Прва Рунда (1) Сан Антонио Спарс vs. (8) Јута Џез
Меѓусебни натпревари во регуларната сезона Сан Антонио победи со 3–1 во регуларната сезона:
Последно плејоф среќавање 2007 Финале на Западната Конференција (Сан Антонио победи со 4–1):
(2) Оклахома Сити Тандер vs. (7) Далас Маверикс
Меѓусебни натпревари во регуларната сезона Оклахома победи со 3–1 во регуларната сезона:
Последно плејоф среќавање: 2011 Финале на Западната Конеренција (Далас победи со 4-1)
(3) Лос Анџелес Лејкерс vs. (6) Денвер Нагетс
Меѓусебни натпревари во регуларната сезона Лос Анџелес Лејкерс победи со 3–1 во регуларната сезона:
Последно плејоф среќавање: 2009 Финале на Западната Конференција (Лос Анџелес Лејкерс победи со 4-2)
(4) Мемфис Гризлис vs. (5) Лос Анџелес Клиперс
Меѓусебни натпревари во регуларната сезона Клиперс победија со 2-1 во рефуларната серија:
Последно плејоф среќавање: Ова е првпат Клиперс и Гризлис да се сретнат во НБА Плејофот.
Статистички водачи
Категорија Најмногу ПросекИграч Тим Вкупно Играч Тим Просек Натпревари Бодови Коби Брајант Лос Анџелес Лејкерс 38 Коби Брајант Лос Анџелес Лејкерс 30.3 3 Скокови Џош Смит Атланта Хокс 18 Џош Смит Атланта Хокс 15 2 Асистенции Ражон Рондо Бостон Селтикс 12 Ражон Рондо Бостон Селтикс 11.5 2 Украдени Топки Џејсон Кид Далас Маверикс 7 Ражон Рондо Бостон Селтикс 4 2 Блокади Ендрју Бајнам Лос Анџелес Лејкерс 10* Ендрју Бајнам Рој Хиберт Лос Анџелес Лејкерс Индијана Пејсерс 4.67 3
∗ Изедначен НБА рекорд
Наводи
Плејоф НБА Плејоф 2012