мини|десно|Црквата „Св. Никола“ во Галате мини|десно|Црквата „Св. Богородица“ во Галате
Галате — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.
Географија и местоположба
Историја Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Галате живееле 325 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 213. Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Галате имало 424 Македонци патријаршисти.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 122-123.
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година селото е дел од Галатска општина и брои 47 куќи со 203 жители Македонци.Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.151 жител.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 980 жители, од кои 296 Македонци, 461 Албанец, 214 Турци, 1 Србин, 2 останати и 6 лица без податоци.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.
ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948—————————39119534503———1———4541961420————1———4211971379————13———3921981397————1———3981991372978——1—1—4611994349437126——14—2—9282002334643173——1———1.1512021296461214——1—26980
Родови Во времето на истражувањата кои биле вршени во селото во 1947 година, Галате било чисто македонско село, родови во селото биле:
Цвеловци (8 к.), староседелци. Имаат иселеници во Обреновац (две семејства). Новаковци (2 к.), староседелци. Мировци (9 к.), староседелци. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство) и во Ратае. Пејовци (1 к.), староседелци. Гоџовци (2 к.), староседелци. Имаат иселеници во Белград (едно семејство), Варна (едно семејство) и во Шумен (едно семејство). Ѓорговци (5 к.), староседелци. Шакшалевци (1 к.), староседелци. Имаат иселеници во Обреновац (едно семејство). Поповци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Белград (две семејства). Цоцолевци (8 к.) и Страшевци (5 к.) доселени во различен период, од сега албанското село Пршовце. Во родот Страшевци го знаат следното родословие: Петко (жив на 47 г. во 1947 година) Милош-Змејко-Димо, кој се доселил; Балабановци (5 к.) и тие се доселени од селото Прошовце, подалечно потекло од селото Радомир во Калиса (северна Албанија). Го знаат следното родословие: Манојло (жив на 58 г. во 1947 година) Оносим-Димитрија-Стојко, кој се доселил од Прошовце. Имаат иселеници во Брвеница. Цацановци (3 к.) доселени се од сега албанското село Градец. Имаат иселеници во Романија (едно семејство). Синадиновци (2 к.) доселени се од селото Чајле. Димитриовци (1 к.) доселени се од селото Балин Дол. Поречанец (1 к.) основачот на родот е дојден како домазет од Порече. Симјановци (1 к.) доселени се од Ново Село, каде биле староседелци. Кукевци (1 к.) основачот на родот се доселил од селото Пожаране. Бучуковци (1 к.) исто така доселени од Пожаране.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 460 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 262 гласачи.
Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Никола“ — главната селска црква; Црква „Св. Богородица“ - се наоѓа над на селото, на падините на Шара;
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Гладница — населба и некропола од доцна антика; Градиште — утврдена населба од железно и римско време;
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Гостиварски села Категорија:Села во Општина Врапчиште