службен јазик на Германија е стандардниот германски, говорен од над 95% од населението. Населението најчесто говори на стандарден германски или на некој од германските дијалекти и тој им е мајчин и прв јазик. Овие бројки ги вклучуваат лицата кои говорат на северната варијанта на долносаксонски, признаен малцински или регионален јазик, кој не се смета за одделен од стандардниот германски во статистиките.

Малцински јазици:

лужички 0,09% ромски 0,08% дански 0,06% севернофризиски 0,01%

Имигрантски јазици говорени од значаен број на лица од првата и втората генерација со источноевропско, африканско, азиско или латиноамериканско потекло:

турски; руски; арапски, од Средниот Исток и Северна Африка; грчки; холандски; игбо; италијански; полски; српскохрватски, од поранешна Југославија; шпански

Повеќето Германци исто така учат англиски како нивен прв странски јазик на училиште. Понекогаш француски или латински се предаваат како први, но обично тоа е англискиот, со француски и латински како втори или трети странски јазици. Руски, италијански, шпански, полски, холандски, старогрчки и други јазици исто така се нудат во училиштата (често зависејќи од географската положба на училиштето).

Наводи

*