Тебили Дидје Ив Дроба (; р. 11 март 1978) — пензиониран фудбалер од Брегот на Слоновата Коска кој играл на позиција како централен напаѓач. Тој е најдобар стрелец на сите времиња за националниот фудбалскиот тим од Брегот на Слоновата Коска, со постигнати 65 гола на 104 натпревари.„Дрогба ја одби понудата на Орландо“, Дневник, година XIX, број 5794, петок, 19 јуни 2015, стр. 26.

По играњето во тимови за младинци, Дрогба го направил своето прво професионално деби на 18 години за второлигашкиот клуб „Ле Ман“. Доцна сфати, го потпиша првиот професионален договор на 21 година; не беше до 2002-03 сезона кога сфати за неговиот потенцијал, постигнувајќи 17 гола на 34 настапи во прва лига за Генган. Следниот февруари, во септември, за време на истата сезона го направи неговиот прв меѓународен настап за Брегот на Слоновата Коска и го постигна првиот интернационален гол. Во 2003 отиде во Олимпик Марсеј за 3,3 милиони фунти. Неговиот успех за постигнување голови продолжи во Олимпик Марсеј, завршувајќи како трет најдобар стрелец во Лига 1 со 19 гола и помогна клубот да го достигне финалето во 2004 на УЕФА Купот.

Дрогба се пресели во „Челси“ следната сезона за рекордни 24 милиони фунти, правејќи го најскапиот фудбалер во историјата на Брегот на Слоновата Коска. Дополнитело, тој постигна решавачки голови во финалето од фудбалскиот Лига Куп 2005 и во ФА Супер Купот 2005 и помогна за клубот да ја освое првата титула досега во Премиер Лигата. Дрогба стана славен како еден од најдобрите стрелци во светот во 2006, kako ја освои титулата во лигата повторно со Челзи и беше капитен на националниот тип за првпат. На Светското Првенство во 2006 тој го постигна првиот гол за Брегот на Слоновата Коска на напреварот и беше избран во 2006 за Фудбалер на Годината во Африка. Наредната сезона 2006-07 заврши како најдобар стрелец во Премиер Лигата со 20 гола. Исто така постигна голови за победа во финалето 2007 на Фудбалскиот Лига Куп и во ФА Куп финалиња. Тој го освои ФА Купот по вторпат во 2009, постигнувајќи израмнувачки гол во финалето. Во 2009-10 сезона, Дрогба ја докажа важната улога во Челзи освојувајќи ја лигата по вторпат, за првпат во историјата на клубот. Ја освои неговата втора Златна Копачка со 29 гола и го постигна единствениот гола за победа на Челзи против Портсмунт во Финалето на ФА Купот 2010. Овај гол го прави единствениот играч кој има постигнато на шест Англиски Куп финалиња.

Дрогба е признат за играње на важна улога во носење мир на неговата земја. По пласирањето на Брегот на Слоновата Коска за Светското Првенство 2006, Дрогба направи очајна молба за борците, барајќи да ги спуштат нивните оружја, молба која беше одговорена со прекин на оган после пет години на граѓанска војна. Подоцна Дрогба помогна за пласирањето на Африканскиот Куп на Нации до бунтовното упориште на Боуаќе; чекор кој помогна за потврдување на мировниот процес. Во септември 2011, се приклучи на Вистина, Помирување и Комисијата за Дијалог како претставник да го врати мирот на неговата домашна нација. Неговата инволвираност во процесот за мир го стави Дрогба да биде именуван како еден стотте највлијателни луѓе во светот за 2010 од страна на магазинот Тајм.

Животопис Дидје Дрогба беше роден во Абидџан, Брегот на Слоновата Коска, на пет годишна возраст од страна на родителите беше пратен во Франција да живее со неговиот чичко, Михаел Гоба, професионален фудбалер. Меѓутоа, Дрогба почна да станува носталгичен за дома и се врати во Абидџан, после три години. Неговата мајка го викаше Тито” , по претседателот на Југославија Јосип Броз Тито, на кому таа многу му се восхитуваше. Тој играше фудбал секој ден во парк во градот, но негово враќање во Брегот на Слоновата Коска беше кратко: двајцата негови родители ги изгубија нивните работни места и тој пак се врати да живее со неговиот чичко. Во 1991, исто така и неговите родители отидоа во Франција; прво во Ванес и потоа се населија во 1993 во Антони предградие на Париз, Тогаш 15 годишниот Дрогба се врати да живее со нив и неговите браќа и сестри. Тогаш и започна да игра почесто за фудбалскиот тим, приклучувајќи се на локална страна за млади. Дрогба ја започна неговата кариера како младинец во полупрофесионалниот клуб Левалоис, стекнувајќи репутација за продуктивен напаѓач во тимот за младинци и импресионирајќи го тренерот со професионалното однесување. Неговата добра игра му донесе место во тимот за сениори, но иако постигнувајќи гол на неговото деби, 18-годишниот од Брегот на Слоновата Коска не успеа да го импресионира тренерот на првиот тим Џејќес Лончар.

Клупска кариера Ле Ман (1997-2002) Кога Дрогба заврши школо замени градови да студира сметководство на факултет и мораше да менува клубови, стажирајќи во клубот Ле Ман Втора Лига. Како и да е, првите две години беа проследени со повреди и тој се бореше физички да се справи со тренирањето и распоредот за натпревар. Поранешниот тренер на Ле Ман Марк Вестерлопе подоцна искоментира дека „Му требаa четири години на Дрогба да биде спремен за тренинг секој ден и играње секоја недела”. Дополнително, комплицираниот живот на фамилијата на Дрогба значеше дека никогаш немаше посетувано фудбалска академија и одма започна да тренира фудбал секојдневно како потполна израсната личност До 21 година, Дрогба сфати дека мораше да се оформи како играч што побргу или би имал мала шанса да стане професионален фудбалер. Го имаше првото деби за тимот Ле Ман набрзо поради тоа и го потпиша неговиот прв професионален договор во 1999. Приватниот живот на Дрогба исто така стануваше посериозен како тој и неговата жена од Мали го имаа првото дете, Исак. Тој имаше нови одговорноси, подоцна кажувајќи:” Раѓањето на Исак беше пресвртница во мојот живот, ме направи да бидам посилен”. Неговата прва сезона, во која тој постигна седум гола во триесет натпревара предвидвидуваше добро за иднината, но за време на наредната сезона не ги доживеа очекувањата. Дрогба го изгуби своето место со Даниел Казан поради повреда, тогаш по неговото враќање тој не успеа да постигне гол низ целата сезона, меѓутоа тој се врати во форма следната сезона, имајќи 21 настап и постигнувајќи пет пати.

Генгамп (2002-03) Половина низ 2001-02 сезона прволигашкиот клуб Генган со зацврцнато интересирање со месеци, му понуди на Дрогба понуда за трансфер со сума од 80,000 фунти и тој го напушти Ле Ман. Втората половина од 2001-02 сезона, Дрогба направи единаест настапи и постигна три гола за Генган. Додека неговите придобивки помогнаа на клубот да избегне испаѓање од лигата, персоналот од тренери останаа неубедени од нивниот нов млад напаѓач. Меѓутоа, наредната сезона тој го награди трпението на тренерите, постигнувајќи 17 гола во 34 настапи и помагајќи Генган да заврши седми, рекордно достигнување во лигата. Тој ги пофали своите соиграчи за импресивната сезона, посочувајќи ги придобивките од крилниот играч Флорент Малуда, долгогодишен пријател на Дрогба, како клучен фактор во неговита продуктивност за постигнување голови таа сезона. Неговиот цврст постигнувачки рекорд привлече интерест од поголемите клубови и кон крајот на таа сезона се пресели во прволигашкиот состав на Марсеј за сума од 3.3милјони фунти.

Марсеј (2003-2004) Менаџерот на Олимик Марсеј Ален Перен го зеде Дрогба од Генган, мислеше набрзо ќе биде заменет од Хосе Аниго. Дрогба го задржа неговото место во тимот, 19 гола и освојувајќи ја Националната Унија од Професионални Фудбалери(УНФП) награда за Играч на годината. Тој исто така постигна пет гола во таа сезона во УЕФА Лига на Шампиони и шест во УЕФА Купот. На крајот од сезоната беше купен од клубот на Челзи за рекордни 24 милиони фунти. Неговиот дрес од единствената сезона на ОМ е исто така врамен во базиликата на Марсеј, “Notre-Dame de la Garde”, кој тој го претстави на црквата пред финалето на УЕФА Купот 2004. Дрогба останува клупска легенда во Марсеј, иако играше само една сезона за клубот.

Челзи(2004-2012) Потпишувајќи на јули 2004 за 24 милјони фунти, Дрогба го постигна неговиот трет гол за клубот со удар со глава против Кристал Палас. Неговата сезона беше прекината кога истегна стомачен мускул против Ливерпул што го држеше надвор од акција преку два месеца. Челзи ја освои Премиер Лигата, второ топ пласирање во натпреварувањето во Англија втора лига и нивниот прв во 50 години и Лига Купот, со постигнување гол на Дрогба во продолжението за 3-2 во финалето за победа против Ливерпул на стадион Милениум, исто така и достигнување на полуфиналето на Лигата на Шампиони. Дрогба постигна 16 гола во 40 натпревари за Челзи во неговата прва сезона: десет во Премиер Лигата, пет во Лигата на Шампиони и еден во финалето на Лига Купот.

Дрогба ја започна 2005-06 сезона со постигнување на два гола за победа во Супер Купот против Арсенал. Неговата репутација беше ставена насред обвинувања, поради мамење за победа на Челзи против Манчестер Сити од 2-0. Повторените снимки покажуваат дека тој ја користел неговата рака за контрола на топката пред постигнувањето на вториот од неговите два гола. Ова се случи само недела после сличен инцидент против Фулам каде голот беше поништен. Во интервју после натпреварот со ББС, тој ја призна играта со рака над топката и како одговор на водителот во врска со неговите обвинувања за неговата тенденција да потоне, тој кажа:” Понекогаш јас тонам, понекогаш се издигам,”пред веднаш да го повлече неговиот коментар:” Јас не тонам, јас ја играм мојата игра”. Експертот од ББС отиде да му каже дека го има погрешно протолкувано прашањето поради бариери со јазикот.

Челзи ја задржа круната во лигата со два натпревари за играње, постанувајќи втор тим да го освои првото место во Англија последователно во ерата на Премиер Лига. Повторно Дрогба ја заврши сезоната со шеснаесет гола, дванаесет во лигата, два во Супер Купот, еден во Лигатата на Шампиони и еден во ФА купот.

Во 2012 година Дидје Дрогба го напушти тимот Челзи од Лондон.

2006–07 По заминувањето на Демјан Даф во Њукасал Јунајтед, Дрогба го замени бројот 15 што го носеше за Челзи од 2004 со бројот 11 дрес напуштен од Даф. Сезоната беше личен успех за Дрогба, бидејќи тој постигна 33 гола во сите натпревари (повеќе од резултатот воден во претходните две сезони заедно), вклучувајќи 20 во Премиер Лигата за освојување на Златната Копачка. Со постигнување на тоа, тој стана првиот играч на Челзи после Кери Диксон во 1984-85 кој има достигнато 30 гола во сезона. Неговиот рекорд од 33 гола: 20 во Премиер Лигата, шест во Лигата на Шампиони, три во ФА Купот и четири во Лига Купот.

Помеѓу снимките беа погодоци надвор од областа за пенал против Ливерпул. Евертон и Барселона, 93 минута израмнувачки погодок против Барселона на Камп Ноу и двата гола за победа на Челзи во финалето на Лига Купот против Арсенал. Тој исто така имаше два хет-трика; еден против Левски Софиа во Лигата на Шампиони, првиот хет-трик на Челзи во Европските натпреварувања од Гиналука Виали во Куп над Купот на Победници во 1997. Во последните натпревари таа сезона, постигна победнички гол против Манчестер Јунајтед на првото финале на ФА Купот на Вембли Стадион. Ова исто така значеше дека тој му се придружи на Норман Вајтсајд(Манчестер Јунајтед во 1983) и Марк Хјуз(Манчестер Јунајтед во 1994) како играч кој има постигнато голови во двете домашни финалиња истата година, сепак Дрогба беше првиот играч што заврши во победничкиот тим после постигнувајќи голови во двете финалиња.

Во јануари 2007, Дрогба беше крунисан за Играч на Годината од Брегот на Слоновата Коска, пред Кејдур Кеита, Аруна Диндан и Коло Туре. Во март за првпат беше именуван за Играч на Годината од Африка, пред Самуел Ето и соиграчот од Челзи, Михаел Есиен. Неговите настапи за време на сезоната го однесоа во ПФА Тим на Годината во Премиер Лигата и второласиран до Кристијано Роналдо во Наградите На ПФА Играч на Годината.

Дрогба се соочи со проблеми на теренот на крајот на сезоната и неговиот трансфер од Марсеј за Челзи во јули 2004 се најде на разгледување. Распрашувањето на Стивенс во 2007 искажа загриженост, поради недостатокот од соработка со агентите Пинас Зави и Бари Силкмен

2007–08