Ново Село — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.

Географија и местоположба

Селото лежи во Полошката Котлина. Во близина се селата Зубовце и Врапчиште, а истото е оддалечено 8,3 километри од центарот на градот Гостивар.

Историја

Стопанство

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ново Село живееле 72 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 213. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ново Село имало 72 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 124-125. Данните могат да се отнасят и за Мавровското Ново село.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 19 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци.

Родови Ново Село е македонско село.

Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:

Староседелци: Стојковци (1 к.), Стојановци (1 к.), Димовци (2 к.) и Змејковци (1 к.).

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 453 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Врањовце.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 697 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Поради лошата географска положба, селаните од Ново Село се или биле приморани да функционираат надвор од селото, бидејќи селото не е опремено со продавници и останати места кои се потребни за опстанок. Затоа некои селани доброволно се преселиле од селото во соседно Зубовце кое е и најблиску до селото, или потполно се преселиле во градот Гостивар.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Гостиварски села Категорија:Села во Општина Врапчиште